7.8 C
Скопје
02:03 - 20 април, 2024

(ФОТО) СО ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ НА ДАРИО: Овие пајаци јадат животни, не се галат, ама светот би имал повеќе проблеми доколку не би постоеле!

Нашиот денешен соговорник е 22-годишниот Дарио Стојановски кој ги завршува студиите на Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ама покрај студиите овој млад скопјнец има многу интересни домашни миленици – тарантули!

„Интересот за необичните животни отсекогаш бил присутен кај мене. Уште како мал бев фасциниран од пајаци, инсекти, влекачи, водоземци и животните во глобала. Благодарение на Интернетот ја имав можноста да се запознаам со хобито на чување егзотични миленичиња, каде наидов на многу информации и разни групи на хобисти. По долго време читање и истражување за нив, на 18 години, конечно се одлучив да ја набавам првата моја тарантула. За кратко време се вљубив во хобито и таа љубов трае до ден денес, а за тоа говори и фактот дека веќе четири години активно чувам тарантули“, ни раскажува Дарио.

Фото: Приварна архива

Што треба да знаат читателите доколку сакаат и тие да чуваат тарантула/и?

-Тарантулите се животни кои не бараат многу внимание и се релативно лесни за чување. Не прават врева, тие се чисти животни кои можат цел живот да го поминат во терариум и бараат едноставни услови за чување кои лесно може да се обезбедат, со правилно знаење и посветеност.

Сите тарантули се пајаци, но не сите пајаци се тарантули. Тарантулите се слични по тоа што за да може да растат менуваат кожа во еден процес кој се нарекува „ecdysis“. Исто така се слични по неколку надворешни морфолошки карактеристики како на пример позицијата на очи, позицијата на заби, фактот што сите имаат по 8 нозе, влакненцата што ги користат за чувствување на вибрации и слично…

Фото: Приватна архива

Тарантулите се исклучиво карнивори, односно се исхрануваат со животни. Пример би биле: лебарки, штурци, црви, ларви, глувци, жаби, полжави, помали птици и останато. Пожелно е да се избегнува хранење со цицачи, водоземци, влекачи или птици затоа што е непрактично од повеќе аспекти, а и сосема беспотребно. Најголем процент од нивната диета во природа се состои од инсекти и токму затоа идеално е користење на лебарки, штурци, црви или ларви како основна исхрана.

Фото: Приватна архива

Терестријални живеат под/на земја и сакаат дувло под или на самата земја, додека пак арбореалните живеат на дрвата или во повисоките делови во шумите. Според ова – за терестријални тарантули се потребни долги и широки, но не високи тераиуми, а за арбореалните се потребни високи, но не долги и широки терариуми. Тераиумите мораат да имаат соодветна вентилација и е потребно секогаш да имаат достапна вода за пиење. Кога станува збор за температура, доколку на нас во собата (каде ја чуваме тарантулата) ни е пријатно да седиме со маичка по кратки или летен џемпер – тогаш и на тарантулата ќе ѝ биде пријатно. Собна температура од 20 до 24 степени е идеално.

Битно е да се потенцира дека пред набавување на тарантула потребно е да направите истражување околу нејзините специфични услови на чување, какво уредување треба да има терариумот во кој ќе живее, поточно какви карактеристики носи видот кој сакате да го чувате.

Фото: Приватна архива

Пајаците важат за едни од најстрашните суштества за повеќето луѓе. Зошто е тоа така?

Пајаците се едни од најпогрешно разбраните суштества. Многу луѓе имаат неоснован страв од пајаците како резултат на премногу генерализирани гледишта во општеството, лошата репутација стекната од филмови, серии и медиуми како и недоволната едукација за пајаците и нивната улога во екосистемите, па и нашите животи.

Има многу работи за кои треба да бидеме благодарни на пајаците. Нивниот отров може да се користи во лекови и за разни останати медицински намени. Дел од нивната исхрана се вообичаените инсекти штетници што ги наоѓаме во затворени простории, како што се лебарките, уволажите, мувите, молците, комарците, болвите и многу други. Со самото тоа што јадат штетници помагаат да се спречи ширењето на болести. Болвите, на пример, можат да шират бубонска чума и тифус, комарците – маларија, мувите – колера и туберкулоза, лебарките – салмонела, лепра, астма итн… Пајаците се всушност и еден неопходен сегмент за екосистемите и го одржуваат балансот во синџирот на исхрана. Тие се добри и за животната средина – не само за нашите куќи. Јадат бубачки кои се гостат со нашите земјоделски култури како што се вошки, гасеници, скакулци итн… Накратко – светот би имал многу повеќе проблеми да не би постеле пајаците.

Фото: Приватна архива

Какви миленичиња се тарантулите, дали може да се држат и галат?

Тарантулите не се галат и не се приврзуваат за сопственикот. Тоа се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат. Самите тарантули не сакаат да бидат држени и немаат никакви бенефити од човечка интеракција. Всушност, тоа за нив би било едно стресно искуство. Дополнително, доколку ние не сме доволно искусни и лесно паничиме на помислата дека голем пајак би ни шетал по рака – не е мала веројатноста дека или на пајакот, или нас самите себе си ќе си нанесеме штета. Од тие причини не се препорачува да се држат. Доколку некој, покрај тоа што не се препорачува да се држат, се одлучи да ги држи битно е да знае како да го изведе тоа и да превеземе целосна одговорност во случај на непосакувани последици.

Фото: Приватна архива

Тарантулата мора да биде смирена и во добро расположение. Нежно со мек предмет ја насочуваме тарантулата да се качи на дланката и ја оставаме да се движи од една дланка, на друга дланка. Сето ова се изведува во непосредна близина на под или маса со оглед на тоа што доколку тарантулата падне од повисока височина може да се здобие со фатални повреди. Нивното држење мора да биде многу внимателно, со смирени и претпазливи движења на рацете, без никакво присилување на тарантулата.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....