17.1 C
Скопје
04:01 - 19 јуни, 2026

За три години изведени се 55 трансплантации на бубрег на Клиника за нефрологија

Од Клиниката за нефрологија информираат дека во последните три години (период 2017-2020), направени се вкупно 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег.
– Во 2020 година, пред почнувањето на ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во месец мај 2020 год, во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации – двајца пациенти добиваат бубрег. На пациентите им посакуваме успешен тек во процесот на опоравување, порачуваат од Клиниката.
Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува.

The post За три години изведени се 55 трансплантации на бубрег на Клиника за нефрологија appeared first on Слободен печат.


За три години изведени се 55 трансплантации на бубрег на Клиника за нефрологија was first posted on август 1, 2020 at 9:40 am.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....