9.8 C
Скопје
05:46 - 4 мај, 2024

Во Ѓорче и Гази Баба нула трошоци за градинка за време на корона, во другите општини се плаќа надомест

Родителите на децата од градинките во општините Ѓорче Петров и Гази Баба нема да плаќаат надомест за градинка додека трае вонредната состојба. Пред десетина дена ваква одлука најпрво донесе Советот на Општина Ѓорче Петров, а вчера и од Општина Гази Баба соопштија дека ги ослободуваат родителите од трошоците за градинка.

Откако ова претходно било усогласено со директорите на градинките, како што информираат од Гази Баба, одлуката ја усвоиле советниците на општинскиот Совет.

– Со тоа, родителите нема да ги плаќаат сметките за надомест на трошоци од 1 март и се додека не заврши вонредната состојба. Оние родители коишто имаат платено сметка за деновите од март додека не беше прогласена вонредна состојба, ќе им бидат одбиени во наредната сметка која ќе треба да ја платат – велат од Гази Баба.

Можноста за укинување на партиципацијата за децата во градинките во наредните денови ќе ја разгледува и Кризниот штаб на Општина Чаир и, како што велат оттаму, доколку постои консензус базиран на анализа за потребата од таква мерка од аспект на функционирањето на детските градинки на територијата на Чаир, имајќи го предвид бројот на децата и други параметри кои од општина во општина се разликуваат, предлогот ќе биде доставен до Советот.

– Досега конкретно официјално барање за преземање ваков чекор од страна на управните одбори на детските градинки не е доставен. Сепак во овој период постои толеранција во поглед на плаќањето. Од страна на раководството на детската градинка  „Фидани“ на родителите не им била испратена редовна сметка за овој период – велат од Чаир.

Градинките пак, кои функционираат на територијата на Општина Кисела Вода нема да прават отстапки поради актуелната состојба, туку родителите ќе мора да ги платат трошоците што и вообичаено би ги платиле доколку нивното дете цел месец не посетува градинка.

Од Кисела вода објаснуваат дека и двете детски градинки во нивната општина постапуваат согласно Правилникот за утврдување на цените на услугите што ги дава јавната установа за деца – детска градинка и износот на надоместокот на трошоците за престој во установа за деца што паѓа на товар на родителите, донесен од страна на Министерството за труд и социјална политика.

-Согласно Правилникот и толкувањето на овој правилник доставени официјално од МТСП, во периодот опфатен со корона-кризата не се наплатуваат редовните сметки, туку само сметки за режиски трошоци за објектите на градинките – велат од Кисела Вода.

И во детските установи во Карпош ќе се наплатуваат режиски трошоци иако не само што децата не престојуваат во нив, туку тие се целосно затворени.

– Додека градинките не работат, се наплаќа само надомест од 520 денари, а не редовната цена. Овие средства се потребни за тековните трошоци на градинките – информираат од Карпош.

Од родители, чии деца ги посетуваа скопските градинките до нивното затворање дознаваме дека износот на режиските трошоци што се наплатува доколку детето цел месец не оди во градинка е половина од редовната цена, односно 750 денари.

Од Центар, Аеродром, Бутел и Сарај сѐ уште нема информации како ќе постапат и дали родителите на децата од претшколските установи ќе ги ослободат од плаќање на режиските трошоци или таа обврска сепак ќе остане и покрај вонредната состојба и актуелната ситуација со корона вирусот.

The post Во Ѓорче и Гази Баба нула трошоци за градинка за време на корона, во другите општини се плаќа надомест appeared first on Слободен печат.


Во Ѓорче и Гази Баба нула трошоци за градинка за време на корона, во другите општини се плаќа надомест was first posted on јуни 1, 2020 at 10:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....