15:00 - 16 ноември, 2026

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Познатата водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска вели дека со годините научила повеќе да го цени сопствениот мир, да биде повнимателна во изборот на луѓето со кои го поминува времето и да не им придава значење на негативните коментари. По долгогодишната кариера на телевизија и присуството во јавноста, таа смета дека повеќе нема потреба никому да се докажува.
Лила признава дека нејзините навики и приоритети значително се промениле. Додека порано уживала во големи друштва, гужви и доцни излегувања, денес повеќе ѝ одговараат мирот и времето поминато со внимателно избрани луѓе.
„Ако порано сакав гужви, галама, големи друштва, доцни излегувања, сега е сосема спротивно. Селективна сум во однос на многу нешта, особено кога се луѓето во прашање. Едноставно, со годините успеваш да ги надминуваш работите кои порано ти биле важни, а не можеш ниту, пак, сакаш да ги смениш, како што се, на пример, туѓото мислење, негативните коментари или користењето на моето име во негативна конотација“, изјави Лила во интервју за порталот „Sweet40plus“.
Таа додава дека искуството ја научило оти секоја критика не заслужува реакција и дека нема потреба постојано да се оправдува пред другите.
„Кога ќе сфатиш дека некои нешта не заслужуваат одговор или оправдување, јасно ти е колку си надминал некои работи и колку е сè небитно во споредба со твојот мир. Едноставно, по сите овие години на јавната сцена, навистина немам кому да се докажувам“, вели водителката.
Во интервјуто Лила зборува и за жените кои ја инспирираат. Особено ги цени оние кои благодарение на сопствениот талент, труд и упорност успеале да изградат кариера и име без туѓа помош.
Лила Филиповска покрај водителската кариера е активна и на социјалните мрежи, каде што споделува моменти од секојдневието, патувањата и професионалните ангажмани. Во изминатите години отворено зборуваше и за личните предизвици, меѓу кои и борбата со ракот на дојка, за која јавно проговори откако успешно го заврши лекувањето.

Слични објави

(Фото) Српската водителка доби подарок од 19.000 евра: Новото момче го крие од јавноста, а сега со објавата крена прашина 

Еспресо

Неделен хороскоп од 16 до 22 ноември: Страстите се разгоруваат, старите соработки се обновуваат, а некои знаци ги очекуваат изненадувања

Т.Ц.

(Видео) „Не е многу присутен во неговиот живот“ — Миа Костова за односот на Андрија со татко му

К.С.

Се породи Зорана Тасовац, сопругата на Саша Ковачевиќ: Стигна долгоочекуваниот син

E.A.

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо
Се вчитува....