Миа Костова во емисијата „Полиграф“ раскажа дека нејзиниот син Андрија и неговиот татко одат на неколку патувања годишно, но во секојдневието поминуваат малку време заедно. Со таткото на Андрија, вели таа, се пријатели повеќе од 25 години и останале во контакт и покрај повремените несогласувања.
„Можеби сме имале некои кратки периоди на несогласување, меѓутоа јас и тој сме многу добри другари повеќе од 25 години, така што ја имаме таа релација и до ден денес“, рече Костова.
На прашањето на водителот Стефонатор дали го смета за добар татко, Костова рече дека ѝ е тешко да одговори токму поради ограниченото време што тој го поминува со Андрија.
„Не знам како да одговорам на ова прашање заради тоа што реално не е многу присутен во неговиот живот“, објасни таа.
Костова додаде дека го цени како човек и смета дека Андрија може да научи многу од него. На крајот од одговорот рече дека е задоволна што токму тој е татко на нејзиниот син.
