Српскиот пејач Никола Роквиќ со музичарите од својот бенд го посети Крушево и оддаде почит на Тоше Проески. Во видеото што го сподели на Инстаграм, Роквиќ прикажа кадри од посетата на гробот на Тоше, Спомен-куќата и манастирот „Свето Преображение“, во чија изградба учествувал и Тоше со своето семејство.
За време на престојот во Крушево, Роквиќ и неговите музичари ги пречекале и мајката на Тоше, Доминика, и неговата сестра Дора. Пејачот им се заблагодари за гостопримството во објавата под видеото.
„Благодарен сум им на пријателите, сестрата и мајката на Тоше кои нè угостија!“, напиша Роквиќ.
Во Спомен-куќата, тој остави и лична посвета во книгата на впечатоци.
„Ти благодарам брату по Христа на секој твој чекор, стих и на животот. Голема инспирација си и љубов. Твојот Никола Роквиќ“, напиша пејачот.
Прикажи ову објаву у апликацији Instagram
