19.8 C
Скопје
15:06 - 26 април, 2024

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

Земјотресот со јачина од 6,6 степени кој го погоди денеска егејскиот регион во Турција предизвикал поплави низ улиците на Измир.

Снимки сведочат дека се поплавените улиците во Измир, поради покачувањето на нивото на морето.

Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи во отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа четири, а повредени се 120 лица, јави агенцијата Анадолија.

ВИДЕО | Слободен печат дознава: Расте бројот на загинати и повредени во Измир, мобилните телефони не работат, прекинат е и интернетот

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

– Според информациите добиени од Координативниот центар за здравство и катастрофи, загинаа четворица наши граѓани, од кои еден се удавил, додека 120 граѓани се повредени, се вели во соопштението.

Според соопштението, дирекцијата на АФАД испратила итна помош од три милиони лири кои ќе бидат искористени во работите во ова подрачје.

– Три мобилни координативни шлепери од Сакарја, Бурса и Афјон се испратени во ова подрачје, се додава во соопштението на АФАД.

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес

The post ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните was first posted on октомври 30, 2020 at 4:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....