23.8 C
Скопје
10:09 - 21 мај, 2024

Терор во Виена!

Исламистички терорист со македонско потекло го извршил терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени најмалку четири граѓани, меѓу кои неофицијално е и 20-годишно момче со потекло од струшкото село Велешта. Уште неколкумина од ранетите се во критична состојба.

Вооружен со автоматска пушка, пиштол и мачета, како и со лажен елек со експлозив на себе, напаѓачот прексиноќа тргнал во крвав поход во строгиот центар на Виена, застрелал полицаец и пукал врз гости во ресторан и во случајни минувачи, смртно ранувајќи две жени и еден маж, пред да биде запрен и ликвидиран при престрелка со специјалните полициски сили.

Идентификуван напаѓачот како – Кујтим Фејзулаи, 20-годишник роден во Австрија со македонско потекло и државјанство/ Фото: Instagram

Престрелки имало на најмалку шест локации, а напаѓачот бил смртно застрелан пред црквата Сент Руперт. Во непосредна близина на пукотниците има и синагога, но таа вечерта била затворена и нема индиции дека токму таа била цел на нападот.

Австриската полиција вчера предупреди дека терористичката закана во Виена не завршила, бидејќи се трага по соработници на напаѓачот, но не наведе други детали. Претседателот прогласи тридневна национална жалост, а низа светски лидери ѝ изразија сочувство на Австрија и поддршка за решителна борба против тероризмот.

Терорист на условна слобода

Терористот од Виена е идентификуван како Кујтим Фејзулаи, кој имал државјанство на Австрија и на Република Северна Македонија, потврди австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер.

И еден од убиените граѓани е со македонско потекло, од струшкото село Велешта, пренесуваa порталите“. Порталот на албански јазик „Њуз 33“ пишува дека 20-годишниот Неџип Вренези бил застрелан кога излегол пред кафе-бар за да испуши цигара.

Неџип Вренези/ Фото: Instagram

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк, претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена. Полициски извори во Скопје потврдија дека Фејзулаи бил роден во австрискиот град Медлинг, во семејство на емигранти од тетовското село Челопек.

Иако на возраст од само 20 години, Фејзулаи веќе имал полициско досие – лани во април бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да замине преку Турција во Сирија за да се придружи на одредите на терористичката група Исламска држава

Фејзулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници, а во затворот редовно учествувал во програмата за дерадикализација.

– Тој тргна за Сирија, но го фатија во Турција. Сопствената мајка го пријавила дека е радикализиран. Потоа тој сите ги измами и обезбеди предвремено ослободување. Ни јас не можев да ги претпоставам неговите намери – изјави адвокатот Ники Раст, кој го застапувал Фејзулаи лани.

Разбивање на голема група

Министерот за внатрешни работи Нехамер изјави дека терористот бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета кога тргнал во грозоморниот напад.

Полицијата уште прексиноќа изврши претреси во 15 домови и уапсила уште неколку лица во Медлинг и во Сент Пелтен. Според австриски извори, приведените биле на возраст од 16 до 25 години, а биле родени во Виена, Сент Пелтен, Косово, Бангладеш и Чеченија. Немаше прецизни информации дали се осомничени за директна врска со нападот, дали биле во организирана терористичка група или се повикани само на сослушување.

Полицијата синоќа претресуваше луѓе и локации во Виена, во потрага по побегнати терористи/ Виена, Австрија/ 3 ноември 20202/ Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Порталот „Хојте“ пишува дека осомничениот терорист бил познат како член на радикални салафистички кругови и посетувал џамии што биле под надзор поради ширење радикални идеи. Иако уште бил само условно ослободен од затвор, тој заедно со пријател во јули отпатувал во Словачка за да купат автоматска пушка „калашников“ и муниција. Патувале со автомобил регистриран на името на мајката на пријател од Косово, кој исто така со години бил познат како радикален исламист.

Весникот „Билд“ пишува дека ден пред да го изврши нападот, терористот на двајца пријатели им испратил снимки од нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз во 2015 година, кога беа убиени 12 луѓе. На својот профил на Инстаграм, пак, тој објавил фотографии на кои позира со пушка, мачета и муниција, и дава заклетва на верност на групата Исламска држава. На фотографиите може да се забележи и пораката „Исламска држава останува и се шири“.

Зајакната безбедност

Како реакција на нападот, Германија, Италија и Чешка вчера ги засилија граничните контроли со Австрија и ангажираа војска за поддршка на граничарите. Воени единици беа ангажирани и за обезбедување на виталните објекти во Виена.

Делегација од австриската влада положи венци на местото на крвавиот терористички напад при што загинаа четири лица/ Виена, Австрија/ 3 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Германскиот канцелар Себастијан Курц ѝ порача на нацијата дека надлежните органи ќе ги уловат извршителите на терористичките напади, ќе истражат кој стои зад нив и ќе ги казнат сторителите.

– Возрасни маж и жена, млад минувач и келнерка беа ладнокрвно убиени. Ќе ги уловиме извршителите – порача канцеларот Курц. Претседателот Александер ван дер Белен порача дека „Австрија ќе знае да ги одбрани демократијата и слободата“.

The post Терор во Виена! appeared first on Слободен печат.


Терор во Виена! was first posted on ноември 3, 2020 at 5:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....