7.8 C
Скопје
06:33 - 30 април, 2024

ВО ЖИВО: Избори во САД – Трамп или Бајден, Американците бираат претседател

Околу 240 милиони Американци избираат меѓу демократскиот кандидат Џо Бајден и актуелниот републикански претседател Доналд Трамп. Првите избирачки места се затвораат по полноќ по наше време (18 часот по локално).

22.00 – Поранешен банкар се обложи за пет милиони долари за победа на Трамп

Букмејкери прифатиле облог од пет милиони долари на победа на Трамп на претседателските избори, за кои се верува дека е најголемиот политички облог во историјата.

Поранешен банкар користел приватни обложувачници регистрирани на карипскиот остров Курасао за облог од 37/20 – што значи дека би можел да освои 15 милиони долари доколку Трамп биде избран за втор претседателски мандат, изјавија извори за британски „Сан”.

Мистериозниот обложувач самоуверено влегол во овој огромен облог откако се консултирал со „упатените од таборот на Трамп”, истакнува весникот.

– Сметаме дека ова е најголемиот облог што некогаш е направен за политички настан, изјави извор од букмејкери. Во изминатите четири часа 71 отсто од облозите се за победа на Трамп, објавија од сајтот Oddscheker.

21.50 – Колку власт има американскиот претседател

Во САД, претседателскиот мандат е четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, т.е. управува со извршната власт, која патем вработува околу четири милиони луѓе. Работа на претседателот е да ги спроведува законите донесени од Конгресот. Покрај тоа, може да прими странски амбасадори и со тоа да ги признае државите.

Трите власти – законодавната, извршната и судската власт – се поделени и меѓусебно контролирани. Претседателот има право да помилува осудени и да номинира федерални судии, министри во кабинетот и американски амбасадори – но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавниот дом ги контролира постапките на извршната власт.

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател е должен редовно да го известува Конгресот за состојбата во земјата. Тој тоа го прави во својот годишен говор „За состојбата на нацијата”. Претседателот нема право за предлог-закони во Конгресот, но може да ги наведе своите приоритети за време на говорот. Ова значи дека тој има алатка да изврши притисок врз Конгресот – и тоа јавно. Но, ништо повеќе од тоа.

Претседателот може да одбие да потпише закон што му го испратил Конгресот за одобрување. Во тој случај, тој става вето на тоа. Конгресот на САД може да го надмине претседателското вето со само 2/3 мнозинство во двата дома. Во историјата на САД има 1.500 познати случаи на вето наметнато од претседателот. Од нив, само 111 се прегласани успешно, што изнесува нешто повеќе од седум отсто.

Американскиот устав и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна идеја за тоа каква вистинска моќ има претседателот. Бидејќи тој има право на друг вид на вето, познато како „џебно вето”: тој може „да стави предлог-закон во џеб” и да го направи неважечки, без Конгресот да може да го изгласа повторно. Досега, овој трик е искористен речиси 1.000 пати.

Административните прописи издадени од него, т.н. „Извршните наредби” (Executive Оrders) имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека се му е дозволено: судовите можат да ги поништат, а Конгресот може да ги спречи со соодветни закони. Покрај тоа, новиот претседател може да ги укине одредбите на неговиот претходник.

Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои, сепак, мора да бидат донесени со мнозинство од 2/3 во Сенатот. Ова може да се избегне ако, наместо договор, претседателот склучи еден вид меѓувладин „Извршен договор” (Executive Agreemen) за кој не е потребно одобрување од Сенатот. Ваквите договори важат се додека Конгресот не ги оспори или суспендира со закон.

Претседателот е врховен командант на армијата на САД, но само Конгресот може да објави војна. Сепак, не е многу јасно до кој степен претседателот може еднострано да располага со армијата во вооружен конфликт. По војната во Виетнам, Конгресот го донесе следното правило: Претседателот може да ги остварува своите овластувања се додека Конгресот не ги оспори.

Доколку претседателот ги надмине или злоупотреби своите овластувања или изврши кривично дело, Претставничкиот дом може да покрене постапка за разрешување. Досега имаше два такви обиди – и двата беа неуспешни. Многу поефикасна алатка за блокирање на претседателските напори е да се запре финансирањето на одредени претседателски иницијативи по гласањето во Конгресот.

21. 30 – ФБИ истражува автоматизирани пораки кои им порачуваат на луѓето дека не мора да гласаат

Федералното истражно биро (ФБИ) на САД истражува серија мистериозни автоматизирани повици и пораки со кои се повикуваат луѓето да останат дома на денот на изборите. Тоа го изјави претставник на Министерството за внатрешна безбедност. Се уште нема коментар од ФБИ.

Таквите пораки според претставник на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура се тактика на „заплашување на гласачите” и „обесхрабрување на гласачи”.

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека државните служби „брзо ќе работат на отстранување на дезинформации”, а фокусот на ФБИ на ова прашање сигнализира дека федералните власти исто така сериозно го сфаќаат тие акции.

Според Вашингтон пост најмалку 10 милиони галсачи добиле такви пораки или повици, кои порачуваат „бидете безбедни, останете дома”.

21. 19 – Федерален судија нареди Американски Пошти да преземе вонредни мерки во врска со гласањето

Федерален судија обезбеди победа на групи за правата на гласање, наредувајќи им на Американските поштенски служби (УСПС) да спроведат физички чистење на места за обработка во пошта во неколку држави за да се обезбеди да нема неиспратени гласачки ливчиња по пошта.

Инспекторите за пошта „мора да осигурат дека нема задржани ливчиња и сите идентификувани гласачки ливчиња веднаш да се испратат за испорака”, нареди судијата Емет Саливан, кој во последните денови донесе бројни пресуди за гласање преку пошта во прилог на граѓанските групи за право на гласање.

Наредбата вклучува области на Пенсилванија и Флорида, две главни т.н. свинг-држави со голем број гласови во Изборниот колеџ.

21. 10 Трамп: Водам во Флорида и други клучни држави

Американскиот претседател Доналд Трамп на своите приврзаници им даде ажурирани информации за претседателската трка, велејќи дека добил добри вести од голем број клучни држави.

– Дознав дека многу добро се држиме на Флорида, многу добро се снаоѓаме во Аризона, неверојатно добро се снаоѓаме во Тексас. Слушам дека добро ни оди насекаде. Мислам дека ќе имаме одлична ноќ и што е уште поважно, ќе имаме одлични четири години, рече Трамп обраќајќи им се на своите приврзаници во изборниот штаб во Арлингтон, Вирџинија.

Право на глас имаат околу 240 милиони Американци. До пладне гласаа повеќе од 99 милиони Американци, што е над 40 отсто од гласачкото тело.

20. 50 – Во најмалку четири американски држави соборена излезноста од 2016 година

На Хаваите, каде граѓаните по првпат гласаа  преку е-пошта, својот глас веќе го дадоа 484.000 гласачи, што е повеќе отколку во 2016 година, кога имаше 429.000.

Од друга страна, во Тексас, 8,7 милиони луѓе излегоа на гласачките места, искористувајќи ја можноста за предвремено гласање, што одговара на вкупниот број на граѓани кои гласаа на претходните избори во таа сојузна држава.

Од утрово, најмалку четири држави – Тексас, Хаваи, Вашингтон и Монтана – веќе ја надминаа излезноста од 2016 година.

20. 31 – Белата куќа оградена со дополнителна ограда во случај на нереди во изборната ноќ

Околу Белата куќа во Вашингтон е подигната дополнителна ограда во висина од 2.5 метри, како дел од мерките во случај на немири поврзани со избоите во САД, соопшти Си Ен Ен.

Оградата започна да се поставува уште викендов, а покрива површина од 20 хектари. Оградата е направена од одделни панели од железна мрежа кои е невозможно да се прескокнат. Вакви огради се поставени и околу Лафајет скверот крај Белата куќа, каде изминативе месеци се одвиваа многубројни протестни акции поради смртаа на Афроамаериканецот Џорџ Флојд.

Слични подготовки за можнаи немири по изборите во САД има и кај многу продавнци, лоцирани во централните улици на Вашингтон, ни ви други америкаснки градови како Њујорк. Сопствениците ги заковуваат излозите со даски и дрвени панели.

20.27 – Првични податоци: рекордна излезност на Латиноамериканците на претседателските избори

Во трката за претседател на САД годинава на изборите излегоа рекорден број Латиноамериканци. Според првичните податоци, гласале 8,6 милиони, јавија американски медиуми.

Демократите работеа специјално за да ги привлечат Латиноамериканците избирачките места..

Според активисти за вклучување на Латиноамериканците на изборите, нивната излезност ја надминала бројката латиноамериканци кои излегоа на изборите кога се кандидираше Барак Обама.

19.46 – Њујорк Тајмс: Бајден води во четири „колебливи” држави

Според најновите анкети, кандидатот на демократите на претседателските избори во Америка, Џо Бајден, води во четирите најважни „колебливи” држави на денот на изборите.

Њујорк Тајмс објави дека Бајден, поранешен потпретседател, е пред Трамп на „бојните полиња” во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и Аризона, според анкетата спроведена од тој весник во соработка со колеџот Сиена.

Неговото водство е најизразено во Висконсин, каде тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 напроти 41 процент.

На денешните избори, победникот е, може да се каже, однапред познат во 37 од 50 федерални држави во кои гласачкото тело има цврста поддршка за Доналд Трамп или Бајден. На изборната ноќ, фокусот ќе биде на преостанатите 13 во кои и двајцата кандидати можат да победат, па затоа се нарекуваат „колебливи држави” (swing states). Toа се Тексас, Флорида, Пенсилванија, Охајо, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина, Аризона, Висконсин, Минесота, Невада, Ајова и Њу Хемпшир.

19. 25 – Ју Ес Тудеј: Полицијата се подготвува за можни нереди по изборите

Полицијата во американските градови и експертите следат екстремистички групи кои би можеле да предизвикаат нереди во изборната ноќ, јави Ју Ес Тудеј.

Според весникот, се следат екстремистите кои планираат активности во клучните, т.н. „колебливи” (свинг) држави, каде има најголем ризик за активности на вооружените групи.

Лидерот на десничарска група во Џорџија рече дека има војници кои се подготвени да одат на гласачките места доколку слушнат за изборна измама..

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

– Прво, влегуваме во тајност. Не сакаме да преплашиме никого. Ако откриеме измама, имаме подготвени луѓе и ако треба да го запреме гласањето – ќе го сториме тоа, рече тој, пренесува Ју Ес Тудеј.

Во меѓувреме, во голем дел од градовите низ целата земја, сопствениците на продавници и други бизниси со плочи ги заштитуваат изолзите, стравувајќи од можни немири во изборната ноќ. Независен извештај открива дека пет држави се особено изложени на ризик за активност на цивилни милиции на денот на изборите: Орегон, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија и Џорџија. 

19.14 – Меланија Трамп гласаше на Флорида

Првата дама на САД, Меланија Трамп денеска гласаше на претседателските избори во Палм Бич, Флорида.

Меланија се појави на гласачките места во 9 часот по локално време.

Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп гласаше минатата недела во Палм Бич, користејќи го правото на предвремено гласање.

– Гласав за некого по име Трамп, рече тогаш актуелниот претседател.

18.06 – Аксиос: Шефот на Генералштабот на САД уверува дека војската нема да се меша во изборите

Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, Марк Мили во текот на викендот имал разговори со генерали и уредници во медиуми за да ги ублажи спекулациите за потенцијално мешање на војската во претседателските избори, изјавиле блиски извори за Аксиос.

Според извор кој учествувал во онлајн разговорот, највисокиот воен претставник во САД го воспоставил крајно необичниот повик за да стане јасно дека улогата на армијата е аполитична – и да се негира поимање за улогата на војската во судење при спорни избори или носење каква било одлука околу смена на претседател од Белата куќа.

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

 

Мили им рекол на уредниците дека американската војска нема да има никаква улога во мирниот трансфер на власта, додаде друг извор.

Било укажано да не бидат вознемирени ако видат фотографии на униформирана Национална гарда на денот на изборите; во моментов, тие не се федерализирани, туку служат по барање на гувернери.

Повикот следи по спекулациите во јавноста за улогата на војската од страна на активисти и политички лидери.

Неодамна Џо Бајден за локални медиуми изјави дека е „апсолутно убеден” дека војската „ќе го придружува Трамп од Белата куќа при испраќање” доколку одбие да ја напушти функцијата.

На онлајн состанокот биле и двајца високи генерали: Командантот на американската кибер команда Пол Накасоне и шефот на националната гарда Даниел Хокансон.

Генералите зборувале за воените напори да се обезбеди клучна инфраструктура од кибер напади.

17.17 -Аксиос: Ако пребројувањето на гласовите оди во негова полза, Бајден вечерва ќе прогласи победа

Доколку медиумите го прогласат демократот Џо Бајден за „математички избран претседател”, тој планира да и се обрати на нацијата како нејзин нов лидер, дури и ако претседателот Доналд Трамп продолжи да се бори на суд, велат советниците на Бајден за Аксиос.

Тој „ќе и се обрати на нацијата на изборната вечер во Вилмингтон, Делавер”, најавуваат тие.

Советниците на Бајден ја научија лекцијата од 2000 година, кога Ал Гор „остана назад” додека Џорџ Буш прогласи победа на тие спорни избори, ставајќи го демократот во дефанзива, додека Буш се однесуваше како победник.

Според нив, ако Бајден биде прогласен за победник, тој ќе почне да ја формира својата влада и ќе изгледа претседателски – и нема да се пофали со сомнежи дека Трамп може да се обиде да оспори.

Менаџерот на кампањата на Бајден, Џен О’Мали Дилон, изјави синоќа дека дури и ако не се избројат сите гласови вечерва, кампањата треба ќе има „многу добро чувство за тоа во кој правец движиме”:

„Ние навистина не сме загрижени за она што го вели Доналд Трамп…Ние ќе ги искористиме нашите податоци, нашето разбирање за тоа каде се движи ова и ќе се погрижиме потпретседателот да му се обрати на американскиот народ.

Фото: EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN

За да покаже моментум, Бајден може брзо да ги почне најавите за транзиција, почнувајќи од назначувања на високи соработници. На тој начин, главните соработници нема да мора да се грижат за своите работни места, туку веднаш ќе можат да се фатат за работа.

Бајден планира да го прифати она што еден доверлив човек го нарече „тон за поддршка” и да почне да зборува за патот напред во борбата против коронавирусот.

Оттаму, транзицијата би се движела со невидена брзина: Бајден имаше осум години во Белата куќа и е опкружен со соработници со децениско владино искуство.

Бајден има нацрти за екипирање на секоја агенција и има широки планови за извршни наредби, вклучително и оние за поништување на постапките на Трамп, посочува Аксиос.

 

 

The post ВО ЖИВО: Избори во САД – Трамп или Бајден, Американците бираат претседател appeared first on Слободен печат.


ВО ЖИВО: Избори во САД – Трамп или Бајден, Американците бираат претседател was first posted on ноември 3, 2020 at 9:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....