09:01 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) СМЕТКА ОД ПЛАЖА ВО БУДВА СТАНА ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: И „нејќам“ ништо има своја цена!

Летната сезона за одмор сè уште е во тек, а впечатоците, искуствата и забелешките на туристите не престануваат да се споделуваат на Интернет.

Во екот на летната сезона туристите најчесто се жалат на долгите редици на границите, како и на цените во познатите летувалишта, а фотографијата што неодамна се појави на Фејсбук, им даде повод на корисниците добро да размислат и да се забавуваат.

Имено, на Фејсбук страницата „Подгорички времеплов“објавена е фотографија од сметка издадена на плажата Јаз во Будва, на која, наместо фактуриран производ, пишува „Не сакам ништо“, а наплатено им е на секој по 50 центи.

Додека во коментарите, некои корисници посочија дека оваа практика е нормална низ цела Европа, односно дека самото место во ресторан се наплаќа во зависност од локацијата, други добро се позабавуваа.

фото Фејсбук

„За девојкине од масана карши, од мене за нив испрати ништо“, „Нема ништо да зимам“, „Можам да вдишам? Може…0,50 евра“, „Него како? „Не сакам ништо“ и „дај ми само чаша вода со многу мраз“…Ваквите гости најмногу работа отвараат….Да трчаш со вода, пепелник, дај ми шифра за интернет, донесе ми уште малку мраз , ај погледни го апаратчето како лентата да е при крај, имаш ли да ми „укрупниш“ 50 центи, имам само 40“, “би била финта да направиш коктел и да го наречеш „нејќам ништо“…гласеа дел од коментарите.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....