14.8 C
Скопје
03:23 - 21 септември, 2024

Силјановска: Можеби треба да се проба германскиот изборен модел

Време е да се разговара за промена на Изборниот законик, е констатацијата на високите челници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски нагласи дека веќе постоел договор со СДСМ за ова прашање, но не дошло до негова имплементација, бидејќи, како што вели, во последен момент неговите политички противници се откажале.

– ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против да се менува изборниот модел, за една изборна единица, неколку месеци пред избори. Тоа значи дека ние сега можеме да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел. Зошто да не биде пола-пола? Да речеме, да имаме 60 мнозински изборни единици и една изборна единица којашто ќе даде 60 пратеници. Зошто да не зборуваме за 120 мнозински пратеници?, истакна Мицкоски.

Коментирајќи го предлогот на партискиот лидер Мицкоски за избор на 60 пратеници во една изборна единица и 60 мнозински изборни единици, пратеничката Гордана Силјановска Давкова, која е и експерт за изборни модели на Обединетите нации, за Слободен печат нагласи дека можеби треба да се проба овој т.н. германски рационален модел.

– Германците имаат два гласа, преку комбинација, односно 50% за претставници во Бундестагот се бираат преку мнозински модел, а 50% преку пропорционален. Во пропорционален модел преку една изборна единица се избираат т.н. „лендери“, но со изборен праг од пет проценти. Кај нив бројот на парламентарно застапените партии не надминува повеќе од пет, што е добро решено, бидејќи најслаба страна кај ваквите репрезентативни модели е што доаѓа до фрагментација, односно поделба на многу партии, па може да се има создаде огромна коалиција без идеолошка основа. Треба особено да внимаваме на изборниот праг во нашиот случај, заклучува Силјановска.

Таа смета дека ваквиот модел пружа релативна стабилност, како и можност за природно коалицирање.

Инаку од партијата на Мицкоски неодамна порачаа дека постои солидна основа за разговори за една изборна листа и отворени листи на парламентарните избори, но воедно бараат и да се регулира гласањето на дијаспората.

Претходно министерот за правда Бојан Маричиќ, за претстојните локални избори, најави можност да се одвиваат со отворени листи, што би претставувало „пробен балон“ за идните парламентарни избори, а ваквата идеја не наиде на нож кај опозиционерите, кои напротив го надградија предлогот и побараа локалните избори да се одржат во еден круг, за да се заштедат буџетски средства.

Професорката Гордана Силјановска Давкова смета дека за оваа тема е неопходно да се изгради широк консензус на сите засегнати страни и да се консултираат професорите и познавачите на изборната материја, а потсети и дека токму Венецијанската комисија укажувала да се обезбеди консензус при евентуалната промена на изборниот модел. Според неа не постои идеален изборен модел, а ист изборен модел може да даде различни резултати во различни држави, во зависност од условите.

– Сите модели имаат свои добри и лоши страни. На пример пропорционалниот модел создава неправичност, бидејќи разликата меѓу победникот и победениот често може да биде многу мала, но сите пратенички мандати да завршат на контото на победникот, што пак од друга страна ќе доведе до хомогена влада, но со голема одговорност пред граѓаните. Во Македонија го спроведувавме и мнозинскиот модел по терк на Французите, на првите два изборни циклуса, каде се многу важни изборните единици, затоа што се случи да нема еднаквост на гласот, па во зависност од единицата некој стана пратеник со 25, а друг со 35 илјади гласови и има опасност од т.н. геримандеринг, односно изборна геометрија. Инаку, имаме искуство и со мешовит систем, со мнозински модел во 85 единици и 35 мандати по пропорционален модел, вели Силјановска.

Професорката додава дека најнепроменливиот елемент во изборното право е изборниот систем, а за него и најчесто има најмногу расправа, но најмалку промени. Таа укажува дека со овој процес треба да се внимава, бидејќи сме мултикултурно општество и посочи на почетокот да се утврдат приоритетите, со оглед на фактот што врската меѓу граѓанинот и пратеник е раскината, а далеку поцврст е односот пратеник-партија.

The post Силјановска: Можеби треба да се проба германскиот изборен модел appeared first on Слободен печат.


Силјановска: Можеби треба да се проба германскиот изборен модел was first posted on октомври 14, 2020 at 1:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....