12.8 C
Скопје
08:43 - 29 март, 2024

Шведска конечно ја призна грешката: Контроверзната тактика не успеа против коронавирусот

Шведска призна дека не гледа знаци на колективен имунитет кој го спречува ширењето на коронавирусот како што расте бројот на нови заразени.

Нордиската земја, чиј поопуштен пристап кон спречување на пандемијата го привлече вниманието на целиот свет, од петокот регистрираше 17.265 нови случаи, соопшти во вторникот нејзината здравствена агенција.

Во истиот период минатата недела Шведска пријави 15.084 нови случаи, при што бројот на приеми во болница за пациенти со коронавирус речиси двојно се зголемува секоја недела.

Андерс Тегнел, архитект на шведската контроверзна стратегија без „локдаун“, претходно тврдеше дека Шведска ќе помине подобро од останатите земји за време на вториот бран откако за време на првиот изгради колективен имунитет.

– Прашањето за колективен имунитет е тешко. Моментално не гледаме знаци на имунитет кој би го успорил ширењето на вториот бран, рече Тегнел за новинарите во вторникот.

Иако Тегнел не рекол дека одлуката на Шведска да избегнува карантин и да не советува носење на маски е необична, премиерот Стефан Лофвен во последните недели преземал значително различен пристап. Тој наметна ограничувања на продажбата на алкохол, домашните посети и јавните собири, со предупредување дека ограничување на патувањата би можело да биде следната мерка.

Прописите на Шведска и понатаму се релативно опуштени во споредба со други европски земји, но се значаен чекор од претходната политика која претпоставувала дека луѓето доброволно ќе одлучат да останат дома и да одржуваат дистанца.

Шведска извести за рекордниот број на нови инфекции со коронавирус овој месец, докажувајќи дека не успеа да го избегне вториот бран на ковид-19 кој ја погоди целата Европа.

Во мај Тегнел предвиде дека бројот на случаи во земјата „веројатно ќе биде прилично низок“ кога на есен ќе пристигне вториот бран, бидејќи голем дел од популацијата веќе беше заразен со вирусот и стана имун. Од тогаш се појавија повеќе докази кои укажуваат на тоа дека е можно луѓето кои закрепнале од коронавирусот повторно да се разболат и дека во некои случаи имунитетот може да биде краткотраен.

Тегнел исто така во мај посочи дека другите нордиски земји, како Финска, кои набргу воведоа заклучување, би морале тоа да го повторат во есен. Но, се случи токму спротивното: Благодарејќи на строгата гранична политика, Финска и Норвешка во голема мера успеаја да го избегнат вториот бран на заразата, овозможувајќи да продолжат многу нормални активности.
Според последните податоци, повеќе од 225.000 лица се заразени со коронавирус во Шведска, додека околу 6.500 луѓе умреле од последиците на болеста.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....