17.8 C
Скопје
14:06 - 18 октомври, 2026

Ања Рубик гола на насловната на „Вог“, прати силна порака за абортусот

Полското издание на „Вог“ им оддаде почит на жените кои се борат за повлекување на конзервативниот закон за абортус. На фалената насловна страница на „Вог“ се наоѓа голата светска топмоделка и активистка Ања Рубик.

Instagram

Покрај тоа што е гола, Ања позирала со црвена молња на образот, што стана симбол на бунтот на жените во Полска поради дополнителните забрани за абортус. На фотографијата, интимните делови од нејзиното тело се покриени со црвено платно, со кое ѝ се врзани рацете.

Instagram

Освен тоа што позираше на фотографиите на насловната и на страниците на полското модно списание, самата Ања го осмислила нивниот концепт и фотографирањето.

Како што рекла, ова е најзначајната насловна страница во нејзината кариера.

– Правото на избор на жените е тест за здраво и прогресивно општество. Овој момент ќе го одбележи полското општество во следните децении. Правото на репродукција е основно човеково право, тоа ни гарантира слобода да одлучуваме за своите животи, тела, здравје и судбина – рекла манекенката.

Instagram

Насловната на полскиот „Вог“ брзо се прошири на социјалните мрежи. Многумина го споделија како поддршка за протестите што се одржуваа во Полска со денови откако Уставниот суд донесе одлука за забрана на абортусот дури и кога се идентификувани вродени малформации на фетусот. Меѓутоа, под притисок на јавноста, спроведувањето на таа одлука, сепак, е одложено.

Instagram

Полска е веќе една од најконзервативните земји кога станува збор за абортусот. Досега, абортусот беше дозволен само во случаи на инцест, силување или ако животот на мајката е во опасност.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....