22.8 C
Скопје
15:48 - 28 март, 2024

Се разбудил жив во мртовечница кога почнале да го сечат, Кениец ги распамети лекарите

Шокантно видео доаѓа од Кенија каде маж, три часа откако го прогласиле за мртов се разбудил на масата во мртовечницата.

Станува збор за 32-годишниот Петер Киген кој имал стомачни проблеми, па се онесвестил во семејниот дом, и итно е префрлен во локалната болница Керичо, јавуваат локалните медиуми. Веднаш потоа лекарот го прогласил за мртов.

Кратко откако е префрлен во болница, го шокирал персоналот во мртовечницата кога наеднаш се разбудил и почнал да вика од болка зошто во тој момент медицинските работници му направиле рез на десната нога. Случајот локалната телевизија го објави со интересен наслов: „Питер Киген е човек кој отиде по пеколот и назад“.
Помладиот брат на Кениецот за весникот „Стандард“ изјавил дека медицинската сестра им рекла дека пациентот умрел уште пред тие да стигнат на одделението за итни интервенции, пренесува Дејли Мејл.
Поради пропустите семејството на Киген сега бара правда и ја обвини локалната болница за неодговорно лекување.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....