13.8 C
Скопје
18:32 - 16 мај, 2024

Шекеринска: „Рекет“ покажа дека никој не е над законот

Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Случајот Рекет и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Барањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се насочени кон правда, туку секогаш се насочени кон лаги, дезинформации и бегство од одговорност. Приказната или нивните реакции врзани за овој случај е ишкање на мувата за да не видиме колку државата се променила во овие две ипол години. Јас ќе ви кажам еден обичен пример за кој информираа невладините организации коишто ги следат различните предмети во судството. Ако ги анализирате предметите со таканаречените бомби ќе видите дека првиот случај за кој требаше 1 година и половина за да влезе во судска постапка веќе три години е заглавен во судски лавиринти. И овие денови врз основа на она што се случува во случајот „ТНТ“, гледаме како тоа го прават. Прво се бега од рочишта, потоа се бара одлагање на рочиштата, потоа се менуваат адвокати, па луѓето коишто зборуваа против употребата на албански јазик, наеднаш ангажираат адвокати кои бараат сè да им се преведе на албански јазик. И според анализите на една од невладините организации 60 проценти од сите рочишта врзани за бомбите се одлагаат, затоа четири години подоцна сè уште овие предмети тапкаат во место без крај. Е сега ако го споредите тоа со процесот којшто се случуваше, а врзан со „Рекет“, ќе видите дека разликата е огромна. За нецели шест месеци имавме од наоди во јавност, истрага, предистрага, обвинителен акт, неколкумина во притвор и рочишта коишто се случуваат по неколку во неделата. Знаете зошто? Заради тоа што никој од владата, од владејачкото мнозинство или од политичарите не диктира веќе пресуди. Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Никој не е над законот и случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е да не натера да не гледаме како сега и во функција на опозиција се трудат да ја опструираат правдата – рече Шекеринска.

The post Шекеринска: „Рекет“ покажа дека никој не е над законот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....