25.8 C
Скопје
15:49 - 28 април, 2024

Русковска во раце има 19 предмети отворени од СЈО: 102 осомничени лица чекаат повик од ОЈО

Сто и две осомничени лица од поранешното Специјално јавно обвинителство се опфатени во нови 19 и засега судски непочнати предмети кои СЈО ги формирало врз база на поседуваните „бомби“ и собрани материјални докази додека оваа институција постоеше. Овие предмети, пред згаснувањето на СЈО, беа предадени во надлежност на Јавното обвинителство на Македонија.

Како што дознаваме, предметите веќе се распоредени кај обвинители кои ќе постапуваат по нив во периодот кој претстои. Станува збор за неколку предмети: „Актор“ каде осомничени се 11 лица,  „Пациент“ осомничени се 15 лица, 13 лица се осомничени во „Империја“ и „Моќник“, 10 лица се осомничени во „Транспортер“ и „Поштенска банка“, деветмина во „Пропаганда“, четворица во „Дизајн“, по тројца во „Подарок“ и „Хармонија“, двајца осомничени има во „Попис“ и „Странски служби“ и по еден осомничен има во „Табла“, „Базни станици“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Друмарина“ и „Тарифа 2“.

Поважните докази (аудио снимките од УБК) кои сега под надлежност на ОЈО, односно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, уште се чуваат во специјалниот трезор во старото седиште на СЈО на булеварот „Рузвелтова“. Таму ќе останат се додека ОЈО не донесе одлука за преселба на специјалниот сеф со „бомбите“ на друга локација. Дотогаш овој скап сеф кој го купи сега веќе осудената шефица на СЈО Катица Јанева и понатаму ќе го чува полицијата.

Статусот на обвинителите од некогашното СЈО и понатаму останува непроменет. Тие и понатаму ќе си постапуваат по старите предмети кои ги „наследија“ откако од СЈО дојдоа во ОЈО, а засега е нејасно дали некој од 12-те екс помошници на Јанева ќе добие дел од предметите кои се завршени во истражна постапка и спремни за поднесување на обвинителен акт.

Според новиот закон за Јавно обвинителство кој е веќе стапен во сила се одредува и судбината на „бомбите“. Па така тие материјали кои се користеа како докази во судските предмети ќе се уништат во рок од три месеци откако целосно ќе завршат постапките, односно ќе бидат искористени сите вонредните правни марки. Во тој период ќе можат да се уништат и останати материјали од незаконско прислушуваните материјали кои не се предадени како докази во судовите, а не биле дел од предметите кои се во фаза на истрага.

 

The post Русковска во раце има 19 предмети отворени од СЈО: 102 осомничени лица чекаат повик од ОЈО appeared first on Слободен печат.


Русковска во раце има 19 предмети отворени од СЈО: 102 осомничени лица чекаат повик од ОЈО was first posted on јуни 25, 2020 at 1:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....