22.8 C
Скопје
15:44 - 12 мај, 2024

Ѓоковиќ распнат на крст

Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, и екипата имаа прекрасен план. Да организираат средба на големи тенисери и да им помогнат на луѓето на овие простори да ги заборават чемерните коронарни денови. Мислевме дека се зад нас. Тенисерите сакаа и да им помогнат на некои луѓе. Спортските настани беа планирани како хуманитарни.

За жал, проектот пропадна. Го разори короната. Сите светски медиуми, на кои секогаш лошата вест им е најголем можен брејкингњуз, ја искористија можноста и му се втурија на Ѓоковиќ. Ништо неочекувано. На секој голем натпревар на Ѓоковиќ се чувствува омразата што во негов правец ја фрлаат „белците“.

Британците, кои себеси се сметаат за побели од тоалетна школка измиена со Доместос, на Ѓоковиќ му свиркаат секогаш кога ќе им се даде шанса. И не само тие. Ѓоковиќ е најдобриот, никој не може да му го негира тоа, но за Западњаците тој е пред сè „Балканец“ и „црнец“ и „дивјак“. Го фаќаат за збор објавен на мрежите, ситните и крупните тениски и медиумски риби ја користат секоја можност гризејќи го Ѓоковиќ да станат поголеми. Задарската приказна им дојде како нарачана.

Дали околу „случајот Задар“ е сè баш толку јасно? Треба ли да го распнеме Ѓоковиќ? Имаме искуство со короната. Знаеме кој е кој во таа приказна. Лекарите знаат, политичарите примаат на знаење, им објавуваат на луѓето, препорачуваат или наредуваат мерки. И тоа би било тоа и тоа веќе беше така.

Кои лекари во Белград јасно и гласно им порачаа на политичарите и на народот дека короната е вторпат меѓу Србите, или попрецизно, дека не ја ни напуштила Србија? Српските лекари молчеа. Знаеме и зошто. Беа избори, луѓето требаше да се забавуваат со фудбалски натпревар и да се испрати гласна порака дека мирно и без паника можат да отидат на гласање и да го изберат Вучиќ.

Што ни велеа нам хрватските лекари? Има ли корона? И тие молчеа. И кај нас се избори. Како да им се зборува на луѓето за дистанца, за корона, за бројот на заболени, како да се забрануваат средби и спортски настани кога живееме од туризмот и уште мора набрзина да го избереме Пленковиќ? Никако. „Задар“ ни се случи затоа што валканите лекари и валканите политичари со заеднички сили ги измамија граѓаните на Србија и граѓаните на Хрватска.

Жал ми е за спортистот. Треба ли воопшто да се потенцира дека ниту Ѓоковиќ, ниту Иванишевиќ немаа намера да им бутнат болест на дечињата и на сите што се најдоа таму затоа што го сакаат спортот? Ова требаше да биде пример за луѓето од овие простори дека сепак може да се направи нешто убаво и добро за заедницата и тогаш кога ќе се здружат „Србинот“ Ѓоковиќ и „Хрватот“ Иванишевиќ.

За жал, короната уништи нешто што можеше да биде повеќе од игра. Ние малите народи имаме два непријатели. Едниот е Западот, кој нè доживува само како дивјаци и робови способни само да ги чистат нивните гомна. Вториот непријател, многу поголем, ни се политичарите, кои со децении систематски нè убиваат со глад, лаги, бесчувствителност, кражба, ширење омраза. Па ти одбери. Или остани тука, па цркни, или замини далеку, па липсај.

Верувам дека на Ѓоковиќ му е тешко, сигурна сум дека, ако остане на врвот, ќе му биде уште потешко. Во белиот свет на „црнецот“ не му помага ни кога ќе прими пехар на Вимблдон. Напротив. На тој престол „црнецот“ станува црња на кој секој „цивилизиран“ западњачки пес може да му се посере.

За среќа, Ѓоковиќ е жилав лик. Немам никаква врска со него. Па сепак, кога ќе го крене пехарот во воздух, јас, црнкињата, се чувствувам подобро.

The post Ѓоковиќ распнат на крст appeared first on Слободен печат.


Ѓоковиќ распнат на крст was first posted on јуни 25, 2020 at 12:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....