14:48 - 19 април, 2024

Ремдесивирот отфрлен како лек против ковид-19 и од новата препорака на СЗО

Светската здравствена организација го обнови водичот за лекување на Ковид-19  при што препорачува да не се применува „Ремдесивир“ за лекување на хоспитализирани пациенти, без оглед во која фаза од болеста се, објави Си Ен Ен.

Експертите нагласуваат дека има сериозни нус ефекти од овој лек.

Ремдесивирот е создаден во текот на епидемијата на ебола во Африка и е продаван од лабораторијата Гилеад под трговското име „Веклури“.

Според новиот ревидиран правилник, објавен во четвртокот во  медицинскиот журнал БМЏ, нема докази дека ремдесивирот го намалува ризикот од смртен исход кај заразени од ковид-19 или пак на оние на кои им треба механичка вентилација.Новиот правилник на СЗО доаѓа еден месец откако компанијата Gilead Sciences, произведувачот на ремдесивир, објави дека американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри ремдесивирот како лек против инфекцијата од коронавирус. Овој антивирусен лек стана првиот лек против корона кој доби одобрение од ФДА. Во четвртокот ФДА даде итно одобрение за комбинирана употреба на ремдсивир и лекот за ревматоиден артритис – барицитиниб за лекување на суспектни или потврдени случаи на ковид-19.Ремдесивирот како лек против ковид-19 го одобри и Европската Унија на 3 јули годинава.Инаку, за набавка на лекот ремдесивир во Македонија за лекување на заболените од ковид-19, според премиерот Зоран Заев планирани се 67,5 милиони денари од Буџетот.

Министерството за здравство за „Слободен печат“ минатиот месец соопшти дека доставиле барање за 3600 дози од лекот Ремдесивир, односно за период од 6 месеци, по цена од 345 евра која е еднаква за сите 36 земји кои го потпишаа Договор за заедничко купување на лекот со компанијата „Гилеад“.

Во Македонија лекот се користи исклучиво при болничко лекување на пациентите на државните клиники, а многу граѓани во изминатиов период се обидоа да го набават од Косово и од Турција за лекување на своите блиски хоспитализирани на приватните клиники во Скопје.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....