03:02 - 7 ноември, 2026

Вистинското лице на Иванка Трамп: Нејзината најдобра другарка откри дека е многу лицемерна

Instagram

Лисандра Орстром беше најдобрата пријателка на Иванка Трамп, во времето кога заедно оделе на оделе заедно на училиште, но и долги години подоцна. Иако, како што вели, е свесна дека ќе ја карактеризира како лицемерна, таа реши да сподели со сите каква е всушност Иванка.

Instagram

Ќерката на Доналд, Иванка Трамп (39) според многумина наликува на нејзиниот татко, па можеби не е изненадувачки што и недостасува чувство за емпатија, што ја покажува се повеќе во текот на нејзиниот живот и работа.

Во текстот објавен од „Vanity Fair“, новинарката Лисандра Орстром, која беше и деверуша на свадбата на Иванка и своевремено нејзина најдобра пријателка, опиша како ќерката на Трамп отсекогаш била опседната со сопствениот статус, а вината за сите нешта обично ја наоѓала кај другите.

– Таа го имаше радарот за статус, пари и моќ наследен од нејзиниот татко, како и инстинкт на Доналд да „фрли друг под автобус“, ако тоа е начин самата да се спаси од некоја ситуација, рече Орстром.

Instagram
Instagram

Таа, исто така, се присети на некои моменти кога таа и Иванка биле во дваесетина години, а еден новинар и пријател и препорачал на Иванка да ја прочита книгата на Ричард Русо, „Царски водопади“, која е многу познато дело и добитник на пулицеровата награда.

Откако Иванка ја прочитала книгата упатила бесна критика за препораката до новинарот:

– Зошто ми ја препорача? Не сакам да читам за сиромашните. Што мислите, кој дел точно може да ми биде интересен овде во оваа книга?, го прашала тогаш Иванка.

Instagram
Instagram

Лисандра и Иванка биле најдобри другарки од училишните клупи, но во последните десет години ја оладиле својата врска и не се во контакт. За Доналд напишала дека тој никогаш не се сеќавал на нејзиното име за време на посетата на нивниот дом, но тој секогаш забележувал дали таа ќе се здебели, ќе ослабе или ќе биде средена и нашминкана. Таа исто така пишува дека Доналд бил уште тогаш опседнат со Иванка и со тоа дека неговата ќерка е најубавата и најпопуларната девојка во училиштето.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....