23:24 - 6 ноември, 2026

Сандански тагува по Ивон (3) и Васил (5) кои беа убиени од својата мајка: „Сакаа да ми ги земат, е нека ми ги земат сега!“

Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Сандански откако вчеравечер беа убиени две деца на возраст од 3 и 5 години од страна на нивната мајка, соопштија од општината.

–По наредба на градоначалникот Атанас Стојанов, денешниот ден -20 ноември е прогласен за Ден на жалост во знак на сеќавање на трагична смрт на тригодишната Ивон и петгодишниот Васил. Знамињата во градот ќе бидат на половина копје, сите јавни прослави се забранети. Почивајте во мир, ангелчиња!, напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Децата се убиени вчера попладне од страна на нивната мајка во нивниот дом во центарот на Сандански. По убиството и мајката и таткото на децата се приведени.

Мајката во полицијата изјавила дека била во бракоразводна постапка: „Сакаа да ми ги земат децата!? Е нека ми ги земат сега“, изјавила таа пред истражителите, пренесува порталот Струма.ком.

Случајот потсетува на големата трагедија која во февруари 2009 година се случи  во селото Осиково, каде Манчо Панјуков ги закла двете деца, по што ја запалил куќата во која имало и други роднини. Се обидел притоа да ја убие и сопругата, но таа едвај се спасила од пожарот, но починала два месеци подоцна.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....