09:40 - 18 август, 2026

ФОТО| Холивуд на српски начин: Гоца Тржан блесна во мал црн фустан

Instagram


Пејачката Гоца Тржан е позната по својата природна, искрена и отворена страна пред јавноста и нејзините обожаватели.

Додека другите sвезди се мачат да го скријат секој детаљ од нивниот приватен живот Гоца секогаш искрено споделува ситуации и моменти што и се случуваат приватно.

Неодамна таа искрено сподели и дека имала проблеми при воспитувањето на нејзината ќерка Лена, која е веќе тинејџерка, а претходно зборуваше и за неуспешните обиди да забремени и да добијат заедничко дете со сопругот Раша.

Instagram
Instagram

Таа исто така сподели дека за разлика од повеќето нејзини колеги од сцената, таа се чувствува најудобно во „партали“, односно стари комотни парчиња облека за по дома.

Instagram
Instagram

Сепак, поради гостувањето на една домашна телевизија, таа беше принудена да излезе од омилениот лежерен стил и да облече нешто елегантно… Нејзин избор беше еден елегантен  „мал црн фустан“, воедно и најпопуларното модно парче кај женската популација во кое секоја дама изгледа величествено.

За оваа пригода, целиот стајлинг на Гоца на момент потсети на гламурот за време на Златното доба на Холивуд, а како самата таа се чувствувала во оваа модна комбинација, Гоца сподели со пријателите и следбениците на социјалните мрежи.

Instagram
Фустанот во кој Гоца потсетува на Златното доба на Холивуд – Instagram

Колку и да ја сакам пријатноста на комотната домашна „апа-драпа“ облека, исто толку го обожавам и  „малиот црн фустан“, гламурозната шминка, фризура, рефлекторите и гламурот во едно студио… И, научив да се чувствувам убаво и во двете изданија, напиша Гоца на Инстаграм.

Instagram
Instagram

Малиот црн фустанот со интересен крој Гоца го надополни со блескава низа бели бисери и црни мрежести хулахопки. Дека овој моден изглед е полн погодок потврдуваат и бројните коментари на социјалните мрежи и комплиментите испратени до пејачката.

Слични објави

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо

И роденденот не може да ѝ помине без драма! Карлеуша отвори нов Инстаграм на полноќ, собра 10.000 следбеници, а потоа повторно го изгуби профилот!

Еспресо

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

Еспресо

(Фото) „Седум години подоцна, на исто место, побогата за две деца“: Ана Севиќ ужива на одмор на Миконос

Еспресо
Се вчитува....