24.8 C
Скопје
13:44 - 29 април, 2024

Пропагандната „муниција“ и мигрантите

Да речеме дека кризата со бегалците навистина ќе ескалира на турско-грчката граница. Да речеме дека 50 или 100 илјади политички злоупотребни мигранти ќе се пробијат и кон македонската граница со Грција. Неспорно, ситуацијата ќе стане непријатна и компликувана, со сите предвидливи безбедносни и хуманитарни импликации за менаџирање на таа, пред сè, човечка трагедија со која се сака да се предизвика дестабилизација на Европа.

Но, каква е користа – и чија – околу тоа да се поттикнува хистерија во домашната, македонска јавност? Кој има интерес од евентуално предизвикување внатрешен хаос на таа тема? Дали некој калкулира дека со таквиот развој на ситуацијата би добил повеќе гласови на претстојните избори на 12 април?!

Прво, по ПРАВИЛО, секоја безбедносна или хуманитарна закана од надвор предизвикува „збивање“ на граѓанството околу власта, бидејќи таа е факторот што ја гарантира стабилноста во општеството. Во принцип, секоја општествена закана од поголеми размери, барем на среден рок, автоматски се преточува во желба за одржување на политички статус кво меѓу граѓанствто, бидејќи тоа инстиктивно чувствува дека промената може дополнително да го дестабилизира системот. А големото мнозинство луѓе тоа не го сакаат.

Второ, менаџирањето со кризи е предизвик, но и политичка шанса за секоја власт. На пример, сетете се на неснаоѓањето на тогашната власт со катастрофалните поплави во Стајковци и околните села во 2016 година, кога загинаа 22 луѓе и се направија големи материјални штети… И сегашното справување на оваа власт со кризата со корона вирусот…

Можеби вирусната епидемија допрва ќе ги покаже „забите“ и во Македонија, како што тоа се случува во бројни други држави и со поразвиени здравствени системи од нашиот, па ќе видиме како државата ќе се справи со тој предизвик. Но, факт е дека, за сега, надлежниот министер Филипче компетентно ја држи ситуацијата под контрола, со максимална транспарентност и професионален пристап на сите одговорни за реакција на кризата – до толку што, дури и набрзина, некни, произведената афера од опозицијата за да се омаловажи токму овој успех на Филипче (оти, ги мерат тие рејтинзите секој ден!), траеше пократко од прес-конференцијата на која се импровизираа обвинувањата.

Трето, еве, да речеме, дека со форсирањето медиумска и политичка паника во врска со можниот голем бран бегалци навистина ќе се поттикне значителна вознемиреност кај македонското население кое, и така, во врска со овој проблем има причини за нормална загриженост, бидејќи проблемот не е едноставен. И како ќе му помогне тоа на првиот човек на МВР, опозицискиот технички министер Чулев, кој е на првата „линија на фронтот“ надлежна за обезбедување на границите на државата? Или и за тоа, „по автоматизам“, ќе биде „Заев е виновен“?!

А замислете поинаква предизборна стратегија: наместо ширење хистерија и теории на заговор, опозицијата и нејзиниот медиумски арсенал јавно да се стават на политичко располагање за конструктивна и добронамерна помош во справувањето на државата со оваа потенцијална криза… Па, потоа, заедно со власта, да ги споделат и политичките поени од искрениот напор една таква криза да се реши…

Толку ли е ваков пристап незамислив?

На можноста за една таква, нова опозициска политика силно упатува и последниот Извештај на Европската комисија за државава: буквално сите неуспешни, а бројни обиди на опозицијата да го блокира патот на Македонија во евро-атлантските интеграции, се впишани како чисти победи на успешното конто на власта за надминувањето на тие силни препреки! Сосе аферата „Рекет“, фала на прашање. Следствено, оценката за власта во препораката на ЕК е: одличен, пет!

Се разбира дека опозицијата нема да го промени својот пристап, бидејќи ова сценарио им е вежбано уште за минатите избори. Се разбира дека и за потенцијалната мигрантска криза ќе истурат максимален број кофи со пропагандни црнила „по глава на жител“. Се разбира дека и овој атак врз „нормалноста“ ќе им се врати со продолжено намалување на предизборниот рејтинг.

Ама, на кого да му збориш…

 

Извор: Цивилмедиа

The post Пропагандната „муниција“ и мигрантите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....