3.8 C
Скопје
06:22 - 20 октомври, 2026

Читајте ги како отворена книга: Психолошки профил на хороскопските знаци – ОВЕН

Научете како да го „прочитате“ секој хороскопски знак. Наредниве денови можете да го прочитате психолошкиот прогфил на секон хороскопски знак.

Овен

Провокативен, бучен, енергичен и бестрашен, Овенот е знак кој секаде ќе биде забележан. Неговиот темперамент и живата гестикулација оставаат впечаток на нервозна личност, која „не ја држи место“ и секогаш ѝ недостасуваат зборови да каже што чувствува.

Неговиот од кажува дека сака што побрзо да стигне до целта. Се чини родените во овој огнен знак, на сè мораат да реагираат. Секогаш критиката ја сфаќаат како напад или провокација, па реакциите им се бурни. Се поврзуваат со бројни крајности. Односите со другите најчесто им се вртат околу љубовта и омразата. Не сакаат ништо просечно, а никогаш просечно и не даваат. Од себе го извлекуваат максимумот и достоинствено ги одбиваат трошките пријателство, љубов…

Секогаш ги гледаат работите само од своја призма и си тераат по свое. На типичен Овен реченицата му почнува со „ЈАС“, во друштво е гласен и често надмен, а во работните односи не баш одговорен соработник. Пријателите му приговараат за тоа дека премногу се фали и цврсто стои на своето мислење. Сепак, многумина од нив другите ги сакаат заради великодушноста чувствителноста, отвореноста и чесноста.

Неговата дрскост и навредите ќе му бидат простени, бидејќи својата приврзаност ќе ја докаже на друг начин. Кога ќе го налути некој, ќе го каже и она што не го мисли, само за да го повреди. Брзо пламнува, но тоа не му трае долго. После бурата која ја предизвикал повторно е ведар – како ништо да не се случило. Нема да се извини, туку ќе се оправда со своите постапки.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....