14.8 C
Скопје
03:00 - 2 мај, 2024

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Задржувањето на младите во државата во фокусот на партиите

Во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули, најголемите политички партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ставаат посебен акцент на младите во државата во својата политичка понуда.

Двете партии нудат подобрување на квалитетот на животот на младите во земјава, претставувајќи различни проекти со кои би ги задржале да останат во земјава.

Покрај нив, и албанскиот кандидат за премиер на ДУИ, Насер Зибери се заложи за поддршка и помош на младите во државата доколку дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Вработување на 50.000 млади, ослободување од партиципација за студентите во 2020/21 и други проекти

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“, преку точката „Младите се нашата иднина“, посочени се сите мерки кои партијата се заложува да ги преземе ако победи на изборите, а кои вклучуваат: Обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години, современо образование кое ги подготвува младите за потребите на пазарот на труд и подобрен студентски и ученички стандард, но и активно вклучување на младите во носењето на одлуки, како и создавање на култура и спорт по мерка на младите.

Во врска со финансиската поддршка за вработување на млади лица во предизборната камања ВМРО-ДПМНЕ ветуваат: Ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра во денарска противвредност, проект шанса плус – компаниите кои ќе вработат ученици кои по завршувањето на средно стручно образование и нема да продолжат со студиите ќе добијат олеснувања и ослободувања за одреден период, месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години, а кои се невработени подолго од 24 месеци и се од семејства во социјален ризик, како и загарантирана работа на 500-те најдобри студенти од државните универзитети.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата предвидува и ослободување од партиципација на сите редовни студенти во академската 2020/2021 година на државните универзитети, како и уште неколку точки за поддршка на младите кои вклучуваат финансиска поддршка за подкасти на млади уметници, промоција на културата и спортот меѓу младите, поддршка за млади таленти во сите сфери, 50 отсто попуст на влезници за настани во организација на Министерство за култура и 50 отсто попуст на влезници за спортски настани во соработка со спортските федерации.

СДСМ: Враќање на персоналниот данок на доход на сите млади вработени до 29 години, како и помош за сите стартап компании водени од млади луѓе

Од СДСМ пак, во својата програма „Можеме повеќе“, најпрво истакнуваат дека примарна цел е создавање на иновативна држава за младите со поттикнување на иновативноста и креативноста, а потоа ги претставија и конкретните мерки.

„Создаваме средина во која младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Општество кое поттикнува користење на талентите и вештините за подобрување на општеството“, пишува во програмата на Социјалдемократите.

Покрај ова, од СДСМ потсетија и на се она што досега е направено за младите, како и за сите вработувања кои се остварени во текот на изминатите две години.

„Ја вративме довербата на младите луѓе во Агенцијата за вработување, што секако треба да постои во една развиена земја и преку оваа програма лани се вработија околу 6.000 млади лица. Преку Оперативниот план воведовме обуки за ИТ вештини се со цел да ги обучиме младите за повисоко платени работни места. За да сакаат да останат во државата и да продолжат да работат. Воведовме и младински додаток. Сега имаме околу 6.000 млади лица вработени во реалниот сектор коишто секој месец покрај месечните приходи од државата добиваат дополнителни 3.000 денари директно на нивните сметки. На овој начин ги поттикнуваме младите да работат во реалниот сектор“, потсетуваат од СДСМ.

Во програма на социјалдемократите се опфатени нови мерки за младите, а чија главна цел, како што е наведено, е тие „да останат во државата“, додека една од основните работи која од СДСМ ветуваат да ја преземат во врска со тоа е враќање на персоналниот данок на лица до 29 години директно на нивните лични сметки во првите две години од вработувањето.

Исто така за оние млади лица до 29 години и жени кои ќе сакаат да започнат сопствен бизнис се планира да бидат ослободени од плаќање на даноци до моментот додека не постигнат годишен промет од 3 милиони денари.

Покрај овие две круцијални точки, од СДСМ ветуваат и дека до 2024 година ќе реконструираат сите студентски домови, а се заложуваат и за отворање на младински центри во сите 80 општини, за уште поголемо учество на младите во носењето одлуки и креирањето на политики.

ДУИ: Државна поддршка од 20.000 евра за сите млади за купување стан или куќа

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, истакна дека ако дојде на власт ќе обезбеди државна поддршка за сите млади полесно да можат да си обезбедат недвижности.

– Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршката за младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици. Поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите кои сè уште не го решиле станбениот проблемот – да им се понуди помош во вод на кредит без камата до 20.000 евра –  истакна Зибери.

The post ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Задржувањето на младите во државата во фокусот на партиите appeared first on Слободен печат.


ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Задржувањето на младите во државата во фокусот на партиите was first posted on јули 4, 2020 at 9:53 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....