6.8 C
Скопје
02:43 - 26 април, 2024

Познатиот научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги

Познатиот научник и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Иван Џикиќ вели дека не му е јасно зошто постојано се зборува дека вирусот слабее.

„Пораките дека вирусот повеќе не е толку опасен и слабее се неточни. Тие се базираат на изјава на некој лекар од Италија, но се занемаруваат ставовите на илјадници научници кои го тврдат спротивното. Ние и во март знаевме дека 60-80 посто од луѓето немаат симптоми, но токму тоа е најголемата опасност“, вели Џикиќ во интервју за ХТВ.

Научникот смета дека не треба да се шири паника, но не и да се вели дека се е во ред и под контрола.

„Значи, вирусот не слабее и тоа е факт, но исто така треба да се каже дека симптомите му се поблаги“, оценува професорот Џикиќ, истакнувајќи дека вирусот се пренесува преку капки и доколку се наоѓаме во просторија каде има заболен, а во моментот сме без заштитна маска и не одржуваме дистанца од најмалку 1,5 метри, шансите да се заразиме се големи.

The post Познатиот научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги appeared first on Слободен печат.


Познатиот научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги was first posted on јуни 26, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....