13.8 C
Скопје
12:48 - 28 октомври, 2026

Мел Гибсон отпуштен од „Побуна во кокошарникот“ откако Винона Рајдер го обвини за антисемитизам

Холивудскиот режисер, глумец и продуцент Мел Гибсон (64) го изгуби ангажманот во долгоочекуваното продолжение на анимираниот филм „Побуна во кокошарникот“ (Chicken Run) на Нетфликс, тврдат извори блиски до продукцијата.

Одлуката доаѓа како реакција на антисемитскиот инцидент на Гибсон.

Глумицата Винона Рајдер (48) дала интервју за Сандеј тајмс во кое меѓу другото зборува за спорната забава во 1995 година, на која, како што тврди, Мел Гибсон упатил некоректни шеги поврзани со нејзината вера.

EPA/JENS KALAENE

Гибсон наводно ја прашал дали таа ја избегнала „печката“ и дали сега од тоа што е со нејзиното друштво, ќе добие СИДА, (алудирајќи на геј-пријателката на Рајдер).

Адвокатскиот тим на Гибсон ги негирал обвиненијата за кои тврдат дека се лажни уште откако се појавиле, но Винона Рајдер упорно стои зад нив.

Глумицата додала дека Гибсон подоцна се обидел да се извини за неговите навредливи изјави, иако тој го негира сето тоа и вели дека „стапил во контакт со неа пред многу години за да се соочи со нејзините лаги, но таа одбила да разговара за тоа“.

EPA/MIKE NELSON

„Ова е 100 отсто невистина“, велат адвокатите на Гибсон, тврдејќи дека Винона Рајдер лажела и во колумната за „Џеј Кју“ во 2010 година кога првпат го спомнала наводниот инцидент.

„Верувам во покајување и во простување и се надевам дека господинот Гибсон нашол здрав начин да се избори со своите демони, но јас не сум една од нив. Само со прифаќање на одговорноста за нашето однесување во овој живот можеме да ги поправиме работите и навистина да се почитуваме едни со други, и му посакувам сè најдобро на тој долг пат“, изјавила Рајдер.

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....