23.8 C
Скопје
16:21 - 13 мај, 2024

Потенцијални „корона-бомби” бегаат од изолација : Не отвораат врата, а телефонскиот број не постои!

Лица што треба да примат решенија за самоизолација во епидемиолошките анкети даваат грешно име, непостоечки адреси, телефонскиот број што го оставиле не им постои, мејл не даваат, а кога инспекторите од ДСЗИ ќе се појават на вратата, им кажуваат дека такво лице не постои и не живее на адресата со години, или дека не го познаваат.

Вака директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат доктор Ирина Сотирова Бухова низ примери опиша со какви проблеми се соочуваат на терен при врачувањето на решенија за изолација на контакти на заболени или на заболени.

– Во епидемиолошката анкета, даваат име, ама презимето згрешено во три-четири букви. Адреса непостоечка. Мејл, не постои. Кога ни даваат податоци при врачување на решенија, одиме на врата и ни велат ,,ова лице не живее тука со години, не го познаваме”. Не ни отвораат врата за да не се прими решението. Апелирам ваквите постапки да се сведат на нула. Зашто бројките што ќе ги видиме во наредните две недели, се правопропорционални последици на ваквите однесувања. Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице, кое нема да го прими решението и слободно ќе функционира е потенцијална ,,бомба” односно потенцијална зараза за сите оние каде што ќе се движи, рече доктор Бухова.

The post Потенцијални „корона-бомби” бегаат од изолација : Не отвораат врата, а телефонскиот број не постои! appeared first on Слободен печат.


Потенцијални „корона-бомби” бегаат од изолација : Не отвораат врата, а телефонскиот број не постои! was first posted on јуни 18, 2020 at 2:37 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....