17.8 C
Скопје
20:14 - 28 април, 2024

Млад текстилец од Штип заболен со Ковид-19 се бори за живот

Текстилниот кластер во Штип и натаму останува најпогоден со Ковид-19, поради што затворена е уште една конфекција каде се регистрирани нови позитивни случаи на коронавирус.

Како што дознаваме, станува збор за конфекцијата „Гранд текс“, каде еден од заболените работници е 34-годишниот Бобан Здравков, оженет, татко на едно малолетно дете. Здравков во моментов се наоѓа во болницата „8 Спетември“ во Скопје, со потешка клиничка слика, поради што е ставен на респиратор, а на социјалните мрежи вчера беа упатени бројни апели за дарување на крвна плазма.

Според објавите на негови сограѓани и роднини на социјалната мрежа Фејсбук, пронајдена е крвна плазма за Здравков, па останува да се види каква ќе биде неговата здравствена состојба понатаму.

Од наши информации кои ги добивме од Штип, Здравков не бил навреме ставен во изолација, односно сопственикот на конфекцијата во која работел, иако знаел дека тој има симптоми, не побарал да биде ослободен од работа, туку Здравков работел се додека неговата состојба целосно не се влошила.

Сопственикот на „Гранд текс“, Ласте Тодоровски, пак, во изјава за Слободен печат го тврди спротивното. Тој вели дека Здравков во последните осум дена не бил на работа, а биле преземени сите мерки откако било соопштено дека во фабриката има позитивен случај на Ковид-19. Тодоровски информира дека конфекцијата нема да работи во наредните седум дена.

– Бобан Здравков е наш вработен. Тој околу осум дена веќе не е на работа. Во периодот кога доаѓаше на работа со него беше се во ред. Кога престана да доаѓа ние го контактиравме неговото семејство за да дознаеме што се случува со него, по што добивме одговор дека тој е на боледување. Потоа по три дена мене ми се јавија од Центарот за јавно здравје во Штип од каде ме известија дека Здравков неколку дена  се лекувал кај својот матичен доктор од каде примал одредени лекарства, по што било утврдено дека треба да се тестира на Ковид-19, за потоа да се покаже дека е позитивен – вели Тодоровски.

Сопственикот на конфекцијата истакнува и дека од Центарот за јавно здравје во Штип му било наложено три лица кои имале близок контакт со Здравков да бидат ставени во самоизолација, па  тој веднаш го сторил тоа.

– Ние овде им мериме температура на нашите вработени, инсистираме на носење на маски и на почитување на правилата. Од Центарот за јавно здравје добив информација за три лица кои биле во контакт со него и кои треба да се изолираат. Јас веднаш ги посочив тие лица и ние ги одделивме, односно  ги пративме во изолација. Редовно контактирам со нив за да проверам во каква состојба се и моментално нивниот одговор е дека тие немаат никакви симптоми – додава Тодоровски, кој потенцираше дека Здравков од неделата е префрлен во Скопје, меѓутоа оттаму никако не успеал да добие конкретни информации за неговата состојба.

 

The post Млад текстилец од Штип заболен со Ковид-19 се бори за живот appeared first on Слободен печат.


Млад текстилец од Штип заболен со Ковид-19 се бори за живот was first posted on јуни 18, 2020 at 2:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....