10.8 C
Скопје
06:59 - 4 мај, 2024

Пациенти од Скопје се праќаат на преглед во Куманово, засега само „8 Септември“ најавува враќање во нормала

Пациенти со итен приоритетен упат од специјалист за компјутерска томографија не се примаат на скопските клиники, туку  се праќаат во другите градови. Онколошките пациенти наместо да се следат на скопските клиники се праќаат на ехо и други испитувања по здравствените домови. Хаосот кој се создаде со претворање на болницата „8 Септември“ во ковид центар и тоа што во Клиничкиот центар со месеци не се примаат пациенти, пет месеци не може да се надмине. Од крајот на неделата се најавува повторно ставање во функција на општата болница„ 8 Септември“ и за други пациенти, не само за тие со коронавирус, но тоа нема да може многу да го ублажи чекањето на хроничните болни кое трае со месеци.

За скопските клиники нема термини воопшто, евентуално ако пациент успее да добие услуга со приоритетен упат или преку амбулантата на Клиниката за токсикологија. Најголема потреба пациентите имаат за испитувања на Клиниката за гастро, Кардиологија, Пулмологија, но не може да се закаже.

– Два пати пратив пациенти со приоритетен упат да направат компјутерска томографија и ги вратија. Пациенти со тумори на бубрези кои се и онколошки пациенти наместо на ехо на Клиника за нефрологија, која како највисока здравствена установи треба да се грижи за најтешките случаи ги праќаат во поликлиниките – вели нашиот соговорник кој е интернист во една од скопските поликлиники.

До специјалист кардиолог не може да дојдат ниту оние кои имаат пејсмејкери и хронични проблеми со срцето, бидејќи од Клиника за кардиологија ги препраќаат на интернист.

– Од Скопје  пациентите кои не може да чекаат за некои испитувања како компјутерска томографија на пример ги праќам во болницата во Куманово. Факт е дека на одредени клиники со месеци има многу малку пациенти, значи речиси и да не работат ништо, а не се најде начин како да се пружаат услуги и на оние кои немаат ковид-19 – вели друга докторка.

Жените очајно чекаат термини за ехо на дојки, ехо на тироида жлезда, мажите за простата. Пациенти велат дека на Клиниката за очни болести и по девет месеци чекаат преглед кај одредени лекари или операција. На Клиниката за нефрологија не се прави биопсија на бубрег подолго време, која е важна дијагностичка процедура, а на Пулмологија  се чека за бронхоскопии. Колку клиниките заспале во епидемијата на ковид-19 покажува и еден пример од Клиниката за кожни болести каде воопшто нема течен азот бидејќи сите процедури поврзани со негова употреба не ги прават од март.

И операциите на хируршките клиники се во мирување, освен за итни пациенти. Пациентите со карцином не чекаат повеќе од еден месец, но сите други се уште откажани. Добро е, велат извори од овие клиники, што барем престанаа, на пациентите кои треба да се оперираат,  да им наплаќаат за тестирање за ковид-19.

Кога ќе почне клиничкиот центар да прима пациенти засега никој не кажува. Од Министерството за здравство велат дека ќе се оди постепено, зависно каде како има услови.

Засега е извесно дека од 27 јули болницата 8 Септември ќе треба да почне со прим на поголем број на пациенти кои немаат ковид-19, вклучително и оние кои треба да се оперираат. Ќе се почне со три хируршки интервенции дневно, чиј број би требало да се зголемува како ќе оди ослободувањето на капацитети од пациентите со ковид-19 кои ќе треба да се третираат и во регионални ковид центри чие ставање во функција е најавено за на есен.

The post Пациенти од Скопје се праќаат на преглед во Куманово, засега само „8 Септември“ најавува враќање во нормала appeared first on Слободен печат.


Пациенти од Скопје се праќаат на преглед во Куманово, засега само „8 Септември“ најавува враќање во нормала was first posted on јули 23, 2020 at 5:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....