12.8 C
Скопје
02:48 - 17 мај, 2024

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Минатата ноќ во САД повторно ја одбележаа протестите против полициска бруталност, кои уследија по смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд минатиот понеделник во Минеаполис додека бил приведуван од полицијата.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полициски час беше воведен во речиси 40 градови, но главно не се почитуваше од демонстрантите, што доведе до тензични соочувања со полицијата.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Таа се судри со демонстрантите во Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк и Филаделфија, при што користеше солзавец и гумени куршуми.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Националната гарда објави дека распоредила 5.000 свои припадници во повеќе од 15 сојузни држави, како и во главниот град Вашингтон, каде што повторно имаше собири пред Белата куќа, но и палежи.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полицаецот Дерек Човин, кој му нанесе смртоносни повреди на Флојд, денеска првпат треба да се појави во суд под обвинение за убиство.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Илјадници демонстранти предизвикаа хаос на улиците на Њујорк и за момент го затворија мостот Менхетн.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Полицијата соопшти дека меѓу уапсените е и 25-годишната ќерка на градоначалникот Бил де Блазио.

Прочитајте:

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

The post ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 1, 2020 at 9:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....