21.8 C
Скопје
11:44 - 29 април, 2024

Необичен развој на настаните или криење на вистината за состојбата на Џонсон?

Постојаните негирања дека е влошена состојбата на премиерот на Велика Британија од вчера вечер се ставени пред преиспитување на британската јавност.

Првите знаци дека на Борис Џонсон му е полошо од што тврди тој и неговите соработници, веќе се покажаа во четвртокот, пишува Гардијан.

Извор за медиумите сугерирал многу специфично: подготвен е кревет во болницата „Свети Томас за премиерот, чија состојба се влоши за време на изолацијата во Даунинг стрит.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Не беше потребно долго време за да се прошират гласините.

Член на парламентот од Конзервативната партија слушнал слична приказна, овој пат додавајќи дека Џонсон е веќе примен во болница и тоа го дојавил за Гардијан.

Во одговорот, помошниците на Џонсон беа недвосмислени. Неговата состојба не се влоши, имаше и понатаму благи симптоми, и се надеваше дека ќе може да работи за време на изолацијата, како и дека не е примен во болница.

Кога во понеделник вечерта излегло дека ситуацијата е спротивна на уверувањата и дека премиерот е примен на интензивна нега, негирањата станаa сомнителни.

Џонсон помина една недела, од кога се покажа позитивен на коронавирус, во Даунинг стрит, додека неговата бремена вереничка Кери Сајмондс, која исто така не се чувствува добро, станала многу загрижена за неговото здравје.

Премиерот се надевал дека ќе го држи својот период на изолација на минимум, пробувајќи да управува со државата преку видео-повици и мејлови, и понатаму со кашлица и состоја која не се подобрувала.

Во меѓувреме, расположението на власта станувало се полошо заради тешката борба да ја достигнат целта од 10.000 тестови за коронавирус дневно, дури уверувајќи дека болниот премиер лично се занимава со овој проблем.

Клучниот советник на Џонсон, Доминик Камингс исто така бил во изолација, а потоа и министерот за здравство Мет Хенкок.

Во четврток попладнето, откако ги отфрлиле гласините за болницата „Свети Томас“ во Лондон, Даунинг стрит сепак сугерирал дека Џонсон нема да се врати на работа во петок како што се планирало, бидејќи и понатаму имал покачена температура..

Кашлицата не била спомената, но портпаролот на премиерот рекол во дневниот извештај за новинарите дека Џонсон ќе се врати на работа следниот ден, доколку му се симне температурата.

Таа вечер во 20 часот, и покрај изолацијата, Џонсон излезе на врата за да им аплаудира на медицинските работници, но ниту тоа не било доволно за да се расчистат гласините.

Фото: EPA-EFE/PIPPA FOWLES

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во петок попладне, ситуацијата почнала да се разоткрива. Запуштен, со тежина при зборењето Џонсон објави видео во кое рече: „Се чувствувам подобро“, но рече дека не може да се врати на работа, бидејќи и понатаму има температура.

Во недела неговото здравје се влоши, па околу 19.30 часот таа вечер Џонсон бил итно префрлен во болница.

Следниот ден во 20.30 часот следната вест била дека: Премиерот е примен на интензивна нега.

Повеќе извори навеле дека на Џонсон му е потребен кислород, за да му помогне околу дишењето, а и тоа го негирал Даунинг стрит, и претходно ги демантирале руските медиуми – дека „премиерот е приклучен на респиратор е дезинформација“. Познаници на неговата вереничка рекле дека таа загрижена се јавувала на пријатели.

Во понеделник вечерта, на редовна конференција за медиумите, речиси 24 часа откако Џонсон беше примен во болницата, даден е и дополнителен детал. Министерот за надворешни работи Доминик Раб кој привремено ќе ја преземе работата на Џонсон, повтори дека ноќта за Џонсон била во ред и дека тој е добро расположен.

Сепак, некои од конзервативците се загрижени дека избегнувањето да се збори за здравјето на премиерот ќе ја поткопа довербата во власта.

The post Необичен развој на настаните или криење на вистината за состојбата на Џонсон? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....