22.8 C
Скопје
14:04 - 9 мај, 2024

Најмногу пари не исплатила „Викторија инвест“, учесник во градењето на патот Охрид-Кичево

Владата го објави списокот на фирми што земале по 14.500 денари за работник, а тие пари не им ги уплатиле на работниците. На долгиот список има производители на храна, пекари, трговци, градежници…

Прва на списокот, со најголем износ на земени, а неподелени пари на работниците, е компанијата „Викторија инвест“. Неа ја има и на априлскиот и на мајскиот список и за двата месеца земала помош од 1.334.000 денари, или околу 20.000 евра. Според априлскиот список, парите се однесуваат на 86 вработени, а според мајскиот за 84 вработени. Оваа компанија е со седиште во Албанија, а во Македонија има свое претставништво. Компанијата е и еден од подизведувачите во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. На нивната официјална веб-страница пишува:

„Работната единица Кичево-Охрид е формирана со одлука на Извршниот одбор на ‘Викторија инвест’ во мај 2015 година, со цел изградба на автопатот Кичево-Охрид. Согласно Договорот за изградба на автопатот: ‘Викторија инвест интернешнел’ е номиниран подизведувач; ‘Синохидро корпорејшн лимитед’ е главниот изведувач; Конзорциумот на ‘ГИМ’, ‘Еуроконсалтинг’ и ‘Гајнг Кребс и Кифер’ е инженер, Јавното претпријатие за патишта е работодавач. Вкупната сума на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, секција Кичево-Подвис, е 117.609.360 евра. Градбите со зајакнат бетон на автопатот учествуваат со повеќе од 60 отсто од вкупната сума на Договорот за изградба на автопатот. Временскиот период за комплетирање е 38 месеци од датумот на почетокот.“

На второ место на априлскиот „список на срамот“ е позната компанија од прехранбениот сектор „Жито Вардар“ од Велес, која земала 227.388 денари од државата, но оваа компанија веќе ја нема на списокот за мај.

На мајскиот список второто место го делат „Крин“ од прилепското село Беровци, кое е од секторот „производство на други неметални минерални производи“, и компанијата за нискоградба – „АННРА центрум“ од тетовска Речица. Овие фирми земале по 261.000 денари за мајска плата, но ги нема на априлскиот список.

На третото место на априлскиот список е „Изи холдинг“ од Струга за трговија на мало со земени, а неподелени 210.250 денари. Оваа компанија е и на мајскиот список и се наоѓа на четвртото место, исто така со земени 210.250 денари.

Во мајскиот список, третото место е „резервирано“ за „трговското претпријатие „Тим петрол“ од Струга со земена помош за плати од 258.152 денари.

На списокот може да се види и дека има многу компании што земале помош само за еден вработен, а која не ја исплатите. Според сознанијата, голем дел се самостојни вршители на дејноста, кои всушност себеси не си исплатиле плата.

На списокот се наоѓаат 700 фирми и тој е ставен на официјалната страница на Владата.

The post Најмногу пари не исплатила „Викторија инвест“, учесник во градењето на патот Охрид-Кичево appeared first on Слободен печат.


Најмногу пари не исплатила „Викторија инвест“, учесник во градењето на патот Охрид-Кичево was first posted on август 1, 2020 at 9:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....