5.8 C
Скопје
07:35 - 18 април, 2024

Мицкоски: Ми недостасуваше семејството, но и слободата на движење

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Велигден ќе го помине дома со сопругата и двата сина. За „Слободен печат“ вели дека овој пат празникот ќе помине без вообичаеното одење во некој од блиските божји храмови и следење на велигденската литургија, но секако најважно е што се чуствува во срцата.

Додека беше во самоизолација поради коронавирусот најмногу му недостасувало семејството но и слободата на движење.

Фото: Фејсбук

Мицкоски порачува дека е многу важно луѓето да се однесуваат совесно и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.

Господине Мицкоски, бевте во самоизолација поради контакт со новинар заболен од коронавирус. И вториот тест на Ковид 19 е негативен, што значи излегувате од карантин. По што најмногу ќе се сеќавате, што најмногу ви недостасуваше во деновите поминати во самоизолација?

Се разбира семејството, особено што ден по самоизолацијата мојот син славеше роденден, а не бевме во можност да го поминеме заедно како што секогаш тоа сме го правеле во минатото. Инаку што се однесува до останатиот дел од трошење на времето можам да кажам дека добро се снајдов особено што имав повеќе време за анализирање на економските состојби. Не е лесен тој процес на самоизолација, но сметам дека има далеку полоши ситуации, особено оние кои се во потешка здравствена состојба и борат за своите животи. Ми недостасуваше и слободата на движење бидејќи таа ве ограничува во вобичаените работи кои ги правите во текот на денот, но во исто време мислам дека е многу важно луѓето да се однесуваат совесно и да ги почитуваат препораките на здравствените работници, впрочем на тој начин освен што се грижите за своето здравје, така се грижите и за здравјето на луѓето околу вас.

Сега пред Вас е нов карантин предвиден со владините мерки – забрана за движење на сите граѓани кој почнува од денеска и ќе трае до вторник. На некој начин среќна околност е дека пред нас е Велигден, ден кој секој од нас треба да го помине со семејството? Каде и со кого Вие ќе ги помнете велигденските празници?

Ќе го поминам со моето најтесно семејство, сопругата и двата сина. Велигден секогаш во нашиот дом се прославува со должно внимание. Овој пат празникот ќе помине без вообичаеното одење во некој од блиските божји храмови и следење на велигденската литургија, но секако најважно е што се чуствува во срцата. Вербата, правењето на добри дела, како и славењето на животот кој е главната порака од овие празници се водилката која треба се применува секој ден.

Фото: Фејсбук

Верувам дека ќе заврши оваа епизода за нашата земја и секако одењето во црква и традициите кои важат за Велигден ќе продолжат да бидат важен дел од мојот и нашите животи. Инаку јас денес велики петок кога се присетуваме на Христовото распетие денот го искористив да го посетам храмот СВ Читириесет Маченици во Смилковци, кој е изграден во спомен на невините жртви кои ги загубија своите животи на тоа место.

Ми се чини дека граѓаните како да не се многу дисциплинрани во почитување на препораките но и кон самите себе, кон своето здравје. Што би им порачале?

Верувам дека голем дел од граѓаните не им паѓа лесно што мора да се придржуваат до правилата препорачани од стручните лица и фактот што се воведе полициски час. Освен негативните работи, сепак има и позитивни, а тоа е времето поминато со семејството. Инаку дисциплината е многу важна во справувањето со негативните последици од пандемијата. Колку повеќе се приджуваме до препораките, толку ќе биде и нејзината прогресија помала. И сметам дека голем дел од граѓаните до сега покажаа одговорно однесување, она што недостасува е проактивен однос на владата и активни мерки кои ќе донесат поголема ефикасност во борбата против пандемијата. А економската состојба е посебна приказна, таму состојбите се влошуваат од ден на ден.

Како гледате на најновата ситуација. Дел од членовите на Владата се во самоизолација откако беа во Куманово?

Сметам дека Куманово е жртва на меѓупартиските препукувања на оние кои ја водат владата и оние кои го водат градот. Јасно не ја гледаат големата слика, а тоа е здравјето на народот, туку и на двете страни, поважна им е доминацијата во градот и нивната кариера. Неодговорното и ненавремено постапување доведе огромна бројка на заразени лица. Се пропушти шансата за брза реакција, но не пропуштија водствата на владата и градот да си комуницираат преку медиуми и да бистрат политика додека градот бележи негативни рекорди во бројот на заболени. Потребна е кризна состојба и карантин како што беше во Дебар. А воедно сум загрижен и за состојбата во Прилеп. Што се однесува до тие кои што се во самоизолација, но и ја имаат заразата, единствено што можам да им порачам е да го сочуваат здравјето, тоа е најважно, и искрено посакувам нивно враќање во нормала и секојдневниот живот.

Според вашиот опонент, Заев додека целата држава, сите институции се борат со глобалната пандемија Вие и ВМРО-ДПМНЕ не сте нашле начин како вистински да помогнете. Како ги коментирате ваквите тврдења на претседателот на СДСМ?

Видете не би навлегувал во политикански игри или залудни и неаргументирани обвинувања. Не е време за тоа. Мислам дека она кон што треба приоритетно да се насочи оваа влада е како да се покрие дупката од над една милијарда евра која што ќе ја забележи буџетот. Ете тоа е поважно од тоа да се редат етикети. А за тоа како се случи од земја која „блескаме“ да стигнеме до земја која живее на работ и незнае владата од каде да обезбеди средства, за тоа ќе дојде време да се позанимаваме.

Да потсетам Заев имаше политички слоган дека сме оделе напред. Каде е тоа напред и во што одиме ние напред кога имаме разорена економија, а секој ден луѓе остануваат без работа. Не постои стопанственик кој е задоволен од мерките на владата, и ова не го кажувам затоа што сме опозиција па нормално е опозицијата да критикува, ова го кажувам затоа што работите се алармантни. Економијата и цели сектори замираат.

Владата не си ја исполнува улогата да помогне на бизнисот, туку напротив бизнисот ја чуствува за товар неукоста и неспособноста на владата во менаџирањето на кризата. Ние како опозиција ќе продолжиме конструктивно да делуваме, да даваме и нудиме решенија, но воедно треба да знаат дека подадената рака не значи дека може тоа да се злоупотребува. Трпението на многумина е при крај. Да се надеваме дека Владата ќе ја свати сериозноста на состојбите.

The post Мицкоски: Ми недостасуваше семејството, но и слободата на движење appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....