13.8 C
Скопје
04:22 - 2 мај, 2024

Македонската репрезентативка Ливриниќ за искуството со коронавирусот: Ме фати мала паника, но бев свесна дека сум добро

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ (25), која настапува за романскиот тим Глорија Бузау, е негативна на коронавирус, при второто тестирање. Таа беше единствена позитивна пред неколку дена, при првото тестирање на сите ракометарки во нејзиниот клуб пред почетокот на подготовките за новата сезона. Но вториот тест покажа дека Ливриниќ е негативна. Таа сега веќе не е во изолација, но, за да се врати на тренинзите мора и третиот тест да и биде негативен.

Во клубот на Ливриниќ велат дека првиот тест веројатно дал лажен позитивен резултат на присуството на ковид-19 кај нашата репрезентативка. Ливриниќ, признава дека имала чувство на паника веднаш откако го добила резултатот од првиот позитивен тест, но тоа не траело долго.

– Искрено кога го добив резултатот од првиот тест кај мене се јави мало чувство на паника, не ми беше сеедно. Но тоа чувство брзо ми помина бидејќи бев свесна дека сум добро, дека немам буквално ниеден симптом на коронавирис и дишам нормално. За жал првиот тест излезе позитивен и покрај тоа што претходно 14 дена бев во самоизолација, без никакви симптоми – изјави Ливриниќ за „Слободен печат“. Таа сега, по вториот негативен тест не е веќе во изолација, но се уште не може да тренира со екипата.

Елена Ливриниќ

– Со најновиот резултат можам да се движам слободно, но за да започнам тренинзи со екипата треба и третиот тест да ми биде негативен – ни рече Елена. Нејзиниот теренер Овидиу Михаила смета дека првиот тест дал лажен позитивен резултати, дека Ливриниќ воопшто немала ковид-19.

-Пред да биде тестирана, нашата ракометарка беше изолирана 14 дена во во Бузау. Од аеродромот во Македонија таа дојде директно во Бузау, каде веднаш влезе во изолација. На 5 јули таа беше ослободена од изолација, а на 6 јули беше првпат тестирана. Мислам дека е грешка, таа не можела да биде позитивна. Покрај тоа девојката е ОК, таа нема симптоми – изјави тренерот за романски медиуми. Според клубот жално е што Ливриниќ, најважното засилување за Бузау, ги пропушта подготовките.

Елена во Романија е од 2016 година во клубот Данубиус Галати каде настапуваше до 2019 година. Минатата сезона ја мина во Рапид Букурешт а следнаат сезона е во Глорија Бузау.

The post Македонската репрезентативка Ливриниќ за искуството со коронавирусот: Ме фати мала паника, но бев свесна дека сум добро appeared first on Слободен печат.


Македонската репрезентативка Ливриниќ за искуството со коронавирусот: Ме фати мала паника, но бев свесна дека сум добро was first posted on јули 18, 2020 at 12:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....