25.8 C
Скопје
17:10 - 30 април, 2024

Маја, Адријана, Билјана и Весна, жени со јасна визија  

„Никогаш не сум се чувствувала како жена во професијата во смисла на тоа дека сум послаб пол или дека има пречки кои како жена не можам да ги совладам. Не постои предизвик на кој нема да одговарам, без оглед дали сум во Единицата за интензивно лекување со тешко болни пациенти, кои се борат за живот, дали сум во операциона сала со хирурзи, кои се претежно мажи, или работам во делот на организацијаа на трансплантацијата. Не постои пречка која како жена нема да ја совладам. Напротив. Не е прашањето дали сте маж или жена во сите овие сегменти во кои јас работам, туку дали го сакате тоа што го работите и колку сте добри во тоа. Ако ги поседувате знаењето и вештините, а притоа си ја сакате работата и имате храборост, нема пречка што нема да ја совладате.

Кога ја започнав приказната за трансплантацијата, знаев точно кон што се стремам, што сакам да постигнам и што можам. Потребно беше да се најдат партнери кои ќе веруваат во истата приказна. Така ги одбрав моите најблиски соработници, и да, по некоја случајност, сите беа жени. Упорни, силни, вредни, непоколебливи, истрајни и со јасна визија каде треба да се најдеме на крајот на секоја приказна со секој донор. Секако не е лесно, секогаш не го добиваме она што го сакаме, секогаш немаме донор кој ќе ги задоволи сите пропишани критериуми за мозочна смрт и донирање органи, секогаш не добиваме согласност од семејството за да се земат органите, ама ете секој пат продолжуваме. Подголтнуваме и продолжуваме, почнуваме одново. Отвораме нова приказна.

Така беше и овој пат. Започна со пријавување на пациент со потенцијална мозочна смрт. И во случајов четири упорни жени пак почнаа од почеток. Состаноци, телефонски разговори, медицински анализи, снимања, испитувања, контакти, преслушувања, документација, анализирања и пред сè упорност. Во ниту еден момент не се застана, не се помисли да се откажеме. Дојдовме до моментот на разговор со семејството и да, овој пат добивме согласнот од овие прекрасни луѓе. Не застанавме ни тогаш. Не се сомневавме дали можеме. Почнавме да ги организираме хирурзите, пациентите, се погриживме донорот да биде испратен со почит. На крајот на еден долг ден, некаде во 5 часот наутро, на изгрејсонце, 4 жени излегоа од Клиниката за државна кардиохирургија среќни и помалку несвесни за тоа што го направија. Овие 4 жени за прв пат во историјата на оваа земја донесоа срце за трансплантација, кое за волја на вистината беше од жена. Тоа женско срце денес чука во градите на еден пациент. И тоа е голем дел од вистината за оваа прва трансплантација на срце. И да, не се чувствувам како жена во професијата во однос на рамноправноста со мажите, ама се чувствувам жена која успеа да го направи она што многумина го сметаа за невозможно. Тоа утро во 5 часот наутро, кога сè заврши, овие 4 жени ќе го паметат цел живот“, ни рече д-р Маја Мојсова.

 

The post Маја, Адријана, Билјана и Весна, жени со јасна визија   appeared first on Слободен печат.


Маја, Адријана, Билјана и Весна, жени со јасна визија   was first posted on мај 27, 2020 at 10:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....