26.8 C
Скопје
17:59 - 18 мај, 2024

Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија

Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот „длабоко ќе ја промени” светската економија, која сега повеќе ќе биде ориентирана кон екологијата и нумерацијата, а Европа овие промени ќе ги дочека во „одлична позиција”, оцени директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Кризата ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна”, рече Лагард за време на видео конференцијата за економијата на францускиот регион Екс-ан-Сен, во Париз.

-Кога станува збор за производството, пазарот, вработувањето, тоа што ние во моментот го доживуваме веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, што ќе биде повеќе еколошки, рече Лагард.

Според париски „Фигаро”, Лагард посебно се осврна на работата од далечина (дома) , која, како што оцени, ќе „го трансформира начинот на функционирање на сите вработени”, барем кога станува збор за развиените земји.

Таа, исто така, оцени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.

-Соочена со ваквите трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.

The post Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија appeared first on Слободен печат.


Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија was first posted on јули 5, 2020 at 9:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....