25.8 C
Скопје
15:10 - 29 април, 2024

Коронавирусот ја зголеми продажбата на алкохолот: Што најмногу се пие во карантин?

Французите сакаат да се снабдат со вино во време на криза, Германците со тоалетна хартија: ова се само некои од митовите што се појавија за време на оваа глобална здравствена криза. Сепак, Германија во никој случај не е единствената земја со празни полици во одделот за тоалетна хартија во супермаркетите, а француската продажба на вино се намали. Кога станува збор за коронавирусот и алкохолот, работите не се секогаш јасни, јавува ДПА.

Најголемиот шок во Германија, поврзан со алкохолот, е несомнено откажувањето на славниот Октоберфест – фестивалот на пивото во Минхен.

Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Но, за време на кризата со коронавирус, Германците купуваат повеќе од вообичаено алкохолни пијалоци од продавниците. Според фирмата за истражување на пазарот со седиште во Нирнберг, ГфК, дури една третина повеќе шишиња вино биле продадени од крајот на февруари до крајот на март во однос на истиот период во 2019 година. Има и зголемување од 31,2 отсто во продажбите на пијалоци како џин или швепс, споредено со претходната година. Сепак, експертите забележуваат дека растот на трговијата на мало се компензира од загубите во продажбата во гастрономскиот сектор. Значи, оние кои не можат да пијат во ресторани или барови, веројатно тоа го прават дома.

Според повеќе социолошки агенции, продажбата на вотка во Русија се зголемила неверојатно. Овој развој предизвикува загриженост.

Profimedia

На пример, Султан Хамсаев од организацијата „Трезвена Русија“ вели: „Не смееме да дозволиме овој опасен вирус да предизвика други болести“. Во минатото имало повеќе обиди за контрола на проблемот со алкохолот во земјата. Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов неславно пропадна со ваква кампања и до ден денес многу Руси сè уште го мразат поради забраните што тој се обиде да им ги наметне.

Во Јужна Африка, сепак, политичарите го прифаќаат овој пристап: во борбата против коронавирусот, националната забрана за алкохол и цигари е придружена со строг петнеделен полициски час. Честопати има инциденти со кражба на алкохол од продавниците во земјата. Луѓето – млади и стари – ги празнат цели продавници.

Profimedia

Црниот пазар исто така напредува: преку групите за разговори можете да добиете недозволена набавка на вино, виски или цигари по надуени цени. Сепак, полицијата верува дека забраната е успешна. Министерот за полиција, Беки Селе, дури посочи дека ограничувањата во продажбата остануваат по пандемијата.

Според извештаите на медиумите, црниот пазар цвета и во Индија, каде што продавниците за пијалоци и барови се затворени во поголем дел од земјата. Во најјужната држава Керала, централната телефонска линија за помош регистрира исклучително голем број на повици од луѓе очајни да добијат алкохол. Навистина, продажбата на алкохол е важен извор на приход за многу држави, обезбедувајќи средства што сега можат да ги користат за борба против коронавирусот. Затоа во многу држави сакаат повторно да продаваат алкохол.

Од друга страна, во Франција, која е сериозно погодена од вирусот, постои мал интерес за забрана на алкохол. Аперитив чаша вино е дел од културното наследство на земјата.

Profimedia

Сепак, продажбата на алкохол во супермаркети опадна за 16 проценти во првите 12 дена од карантинот, според студијата на Институтот за истражување на пазарот „Нилсен“ од почетокот на април. Според студијата, особено е падната продажбата на шампањот – дири за 5,2 отсто во овој период.

Исто така, во Шпанија, не постојат владини мерки за ограничување на потрошувачката на алкохол. Во метрополитенските области како што се Мадрид, Барселона и Севилја, веќе не е можно да се оди во бар, така што има голема веројатност луѓето да пијат дома. Според студијата на почетокот од април од страна на трговскиот магазин Infortale, продажбата на пиво скокна за речиси 80 ​​проценти за само една недела, а на виното за дури 60 проценти.

Прославата во петок навечер со пријателите во бар е класичен дел од животот во Бразил. Но, состаноците со чаша каипириња, коктел за кој се вели дека е создаден како лек за шпанскиот грип, сега се можни само преку виртуелни собири на Интернет. Продажбата на алкохол во супермаркетите во Рио е поголема дури отколку за време на карневалот, соопшти порталот Г1.

Profimedia

Треба да се спомене дека Светската здравствена организација предупредува да не му се припише на алкохолот некакво заштитно својство од коронавирусот. Тоа е „опасен мит“ што постои низ целиот свет, велат од СЗО. Погрешно е да се верува дека „консумирањето алкохол со висок степен може да го убие вирусот ковид-19; тоа не е случај“. Напротив, консумирањето алкохол го ослабува имунолошкиот систем и исто така е поврзано со многу болести кои можат да го направат човекот повеќе подложен на зараза со коронавирус.

The post Коронавирусот ја зголеми продажбата на алкохолот: Што најмногу се пие во карантин? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....