30.4 C
Скопје
15:15 - 10 јули, 2026

КОБНА ВРСКА ВО СРБИЈА: Се разнел себеси и девојката бидејќи сакала да му се врати на бившиот дечко?

Павле Р. (31) се разнел со бомба себеси и Марина И. (28) со која бил во тајна врска, бидејќи таа сакала да му раскине и да се врати на бившото момче, пренесуваат белградските медиуми.

Како што пишуваат „Новости“, Марина девет години била во врска со друго момче, но го оставила кога го запознала Павле Р., оженет полицаец кој има две деца. Меѓутоа таа сепак одлучила дека сака да се врати на бившото момче, а како што пишуваат „Новости“, Павле Р. тоа не можел да го поднесе.

Што точно се случило во автомобилот кој бил пронајден утринава никогаш нема да биде јасно, но постојат сомневања дека полицаецот активирал бомба и се разнел себеси и девојката.

Нивните тела се пронајдени околу 9 часот утринава на патот помеѓу Батајница и Стара Пазова во Србија. Полицијата веднаш го блокирала пристапот до тоа место, а граѓаните велат дека не слушнале експлозија и дека не ги познаваат мажот и девојката кои се пронајдени мртви.

The post КОБНА ВРСКА ВО СРБИЈА: Се разнел себеси и девојката бидејќи сакала да му се врати на бившиот дечко? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....