12.8 C
Скопје
22:31 - 5 мај, 2024

Коби и Ванеса Брајант – детската љубов која ги издржа сите предизвици, а заврши трагично

Планетата тагува за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, а нема сомнение дека во моментов најтешко ѝ е на неговата сопруга Ванеса, пишува српски „Телеграф“.

По хеликоптерската несреќа таа остана без својот сопруг и ќерката Џиџи, но нејзина сила остануваат ќерките, Наталија, Бјанка и Капри. Како што пишуваат медиумите, таа поминала низ многу тешки моменти со Коби, поради тоа што неговите родители биле против нивниот брак, а таа останала до НБА-ѕвездата и кога му бил „наместен“ случајот за силување, притоа простувајќи му неверство.

Коби и Ванеса зборуваа дека нивното било љубов на прв поглед, се запознале на снимање на музички спот во 2002 година кога Ванеса била танчарка, а кога љубовта се интерзивирала, избраничката на Коби често не се експонирала во јавноста.

Не сакала да се истакнува во прв план, да се истакнува како сопруга на еден од најголемите играчи на сите времиња, но сплетот на околностите ја донел во центарот на вниманието во декември 2003 година кога се случи познатиот скандал. Сепак, партнерите успејале да го надминат овој проблем, станувајќи посилни и попосветени на семејството и израснување на нивната ќерка.

Сепак, потоа им се случил уште еден настан кој бил многу тежок за семејството, што дополнително им ја засилил врската – загубиле едно дете.

Коби никогаш не си простил за ова

Кога се запознале, Коби имал 22 години, Ванеса 18, па многумина сметале дека ова е само минлива и детска авантура, но партнерите одлучиле на сите да им покажат дека ситуацијата е потполно различна. Повеќе тестови за зрелоста на љубовта поминале во раната фаза од врската, а Ванеса била до Коби дури и на прес-конференцијата за медиуми кога се откри аферата во која кошаркарот бил обвинет за силување.

– Ти си мојот ‘рбет, мој благослов, дел од моето срце, воздухот кој го дишам. Ти си најсилната личност што ја познавам, не знаеш колку ми е жал што те доведов во оваа ситуација, и тебе и нашето семејство – рекол тогаш Коби во солзи.

Случајот дефинитивно е завршен во 2004 година кога жртвата одбила да сведочи, а со вонсудски се е решено. Сепак, скандалот и понатаму влијалел врз животот на Ванеса, а Коби подоцна признал дека Ванеса имала абортус во раната фаза на бременоста во 2005 година. Се обвинувал себеси за губењето на детето, сметајќи дека Ванеса претрпела голем стрес кој влијаел на бременоста.

– Требаше да го градиме семејството. А поради мојата грешка, поради оваа тешка година, го загубивме бебето – зборувал Коби.

Во однос на клубот, во „Стејплс центарот“ Ванеса билоа како кралица. Коби се потрудил да ужива посебен третман каков што сопругите на другите кошаркари немале. Познато е дека тунелот кој води од соблекувалните до паркетот има лимитиран пристап што се однесува до останатите луѓе, а за Ванеса тоа не важело, и на неа и било дозволено да се движи во овој простор, пишуваат од српски „Телеграф“.

Сакале уште деца

Коби и Ванеса четвртата ќерка ја добиле во јуни 2019 година, а многумина сметаа дека партнерите сакаат тука да запрат, но Коби ја оставил вратата отворена за уште едно дете.

– Мислам дека таа сака момче повеќе од мене. Сакам што имам ќерки, во одушевен сум поради тоа. Таа сака момче бидејќи сака тој да биде „мамин син“, милениче – рекол Коби.

Брајант се восихитувал на тоа каква мајка е неговата сопруга, а на Денот на мајките минатата година и упатил емотивна порака.

„Те сакаме, ти благодариме за сѐ што правиш за нашето семејство. Ти си темел на сѐ што имаме, драга“, стоело во пораката.

The post Коби и Ванеса Брајант – детската љубов која ги издржа сите предизвици, а заврши трагично appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....