16.8 C
Скопје
05:17 - 19 мај, 2024

Ќе влезе ли двојазичноста во судница преку новиот ЗКП?

Работна група ќе ги разгледува забелешките на Венецијанската комисија што се однесуваат на примената на Законот за јазици во правосудството, потврди министерот за правда Бојан Маричиќ. Оваа проблематика се најде и во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, а професорката Рената Дескоска оцени дека токму Законот за јазиците ќе претставува еден од поголемите предизвици во наредниот период.

– Принципилено ние секогаш како Влада сме ги почитувале препораките на Венецијанската комисија. Ова прашање не е разговарано ниту на ниво на Влада, ниту на ниво на коалиција за тоа како ќе изгледа процесот на разгледување на коментарите на Венецијанската комисија, кои во најголем дел и најсуштински се однесуваат на функционирањето на овој закон во правосудството, одговори на новинарско прашање министерот Маричиќ.

Инаку Законот за јазици предвидува употреба на албанскиот јазик и во судница, односно симултан превод, превод на материјални и вербални докази, доколку некоја од странките тоа го побара. За вака усвоениот закон од Венецијанската комисија нагласија дека во практика не може да се имплементира.

Судовите и останатите правосудни органи образложуваа дека не ги кршат законските решенија, бидејќи барањата за превод не се предвидени во Законот за кривична постапка, кој се усвојува со двотретинско мнозинство и според нив е lex specialis, односно има поголема тежина од Законот за употреба на јазици.

На прашањето дали при подготовката на новиот Закон за кривична постапка ќе бидат вметнати одредбите од Законот за јазици, министерот Маричиќ не даде конкретен одговор.

– Законот за кривична постапка треба да се донесе со двотретинско мнозинство и се очекува да доведе до подобрување на системот. Наша цел е да се донесе ЗКП што ќе ги надмине слабостите и ќе ја олесни работата во кривичната постапка, вели министерот за правда.

Претходно, од работната група која го подготвува текстот кусо не брифираа дека материјата која произлегува од Законот за јазиците најверојатно нема да се најде во новиот ЗКП и сугерираат дека за тоа прашање може да се изработи посебно законско решение.

Од Агенцијата за примена на Законот за употреба на јазиците велат дека се уште немаат изградено став околу изработката на новиот ЗКП.

– Од наша страна ги разгледуваме сите текстови на предлог-закони. Доколку оцениме дека е сходно, заедно и со други институции, ќе дадеме забелешки за текстот. Секако, генерално бараме почитување на одредбите од Законот за јазици, информираат за Слободен печат од Агенцијата.

Претходно, единствениот познат во јавноста случај кога се побарала примена на Законот за употреба на јазици во судницата е во делото ТНТ, каде адвокатот на одбраната, Мерџан Даути побара од претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставров превод на обвинителниот акт, листата на докази и доказите, по што се соочи со дисциплинска постапка и казна. Судијата Ставров оцени дека со ова барање адвокатот Даути се обидувал да ја одолговлечи судската постапка.

– Јас побарав да се применува во судот Законот за употреба на јазиците, особено членот 9. Сите судски, но и други надлежни институции, вклучувајќи ги и нотарите и извршителите, како и трети страни во судски постапки, како што се адвокатите, сме приморани да побараме Законот да се применува. Основниот кривичен суд можеби нема услови за имплементирање, но не може да ни вели дека немаме право да го побараме тоа. Никогаш не сум имал намера да одолговлекувам постапка, вели адвокатот Мерџан Даути.

Инаку Венецијанската комисија забележа дека Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена. Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија откако веќе беше усвоен во Собранието.

 

 

The post Ќе влезе ли двојазичноста во судница преку новиот ЗКП? appeared first on Слободен печат.


Ќе влезе ли двојазичноста во судница преку новиот ЗКП? was first posted on октомври 8, 2020 at 2:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....