7.8 C
Скопје
06:34 - 27 април, 2024

Алијанса за Албанците по стапките на ДПА од претходниот состав: Ја забавува работата со барања за пауза од еден час

Собраниската расправа за Предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, никако да започне. На стартот на седницата пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците (АА), Сурија Рушити барајќи процедурално, се обиде да ја наметне темата дека наводно, Македонци се вработувале на загарантираните места за Албанците.

Спикерот Талат Џафери, посочи дека согласно собранискиот деловник Алијанста може да поднесе информација за прашањата кои сака да ги постави, и тие да бидат ставени на секоја втора седница како точка на дневниот ред или пак со 15 пратенички потписи да побараат надзорна расправа во Собранието.

– Сметам дека за два месеци колку што работи Собранието сте ги научиле деловничките правила. Не можете на секоја седница да ја злоупотребувате процедуралната алатка. Имам право да го предупредам пратеникот кога говори надвор од дневниот ред, рече Талат Џафери.

Законот треба да се донесе за да се овозможи граѓаните да имаат викенд без ДДВ, кој е најавен за следниот викенд, на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11-ти Октомври.

Ваквите олеснувања за џебот на граѓаните ќе важи само за корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.

Целосно враќање на ДДВ ќе има само за купени македонски производи или услуги. Цел износ на ДДВ ќе им биде вратен на граѓаните и доколку купат компјутер, печатач, скенер, софтвер или сè што спаѓа во ИТ опрема. Граѓаните треба да знаат дека за да им биде вратен ДДВ, продавницата во која ќе купуваат ќе мора да поседува фискален апарат за да можат да добијат уредна фискална сметка на која точно треба да пишува дали производот што го испазариле е македонски или странски производ.

The post Алијанса за Албанците по стапките на ДПА од претходниот состав: Ја забавува работата со барања за пауза од еден час appeared first on Слободен печат.


Алијанса за Албанците по стапките на ДПА од претходниот состав: Ја забавува работата со барања за пауза од еден час was first posted on октомври 8, 2020 at 3:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....