16.8 C
Скопје
22:55 - 17 мај, 2024

Казни за организаторот на концертот на Петар Грашо, наместо 600 карти продале 2.000, Бебек пееше пред двојно помала публика

Државниот пазарен инспекторат констатирал дека протоколите за заштита од ковид-19 биле прекршени на концертот на Петар Грашо во Битола и најавува соодветен поднесок до организаторот, објави ТВ 24.

Наместо 600 билети, како што било дозволено, за концертот се продале повеќе од 2 000. Иако се започнало според протоколите, кога инспекторите заминале, маските паднале, а забавата била како во убавите времиња без коронавирус.

Инспекторатот најавува казна за организаторот, а од продукцијата тврдат дека не се прекршени протоколите.

„Првичниот записник е направен во 21.30 часот, кога се беше во ред – влез, сместување на посетителите, се беше во ред. Пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт. Подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок“, вели Лилјана Талевска, раководител за инспекциски надзор Битола.
Повеќе од 2 000 билети биле продадени за концертот одржан на Хераклеа во Битола, иако дозволено било присуство само на 600 посетители.

Од продукцијата “Прагма”, организатор на концертот, за телевизија 24 тврдат дека протоколите не се прекршени.

„Не ги прекршивме протоколите! Немаше нарушување на мерките, имам записник од ДПИ, и ве молам писмено да ми се обратите и ќе ви одговорам“,изјавил Игор Стефановски од продукција „Прагма“.

За разлика од концертот на Петар Грашо пред три дена, синоќешниот настап на Жељко Бебек на Хераклеја се одржа со преполовен капацитет на публика. Сите присутни на влезот во античкиот локалитет носеа маска, им беше мерена температура и им се дезинфицираа рацете.

Редарите им поделија упатства за придржување до протоколите за време на концертот, а за да се избегне метеж, дел од публиката влегуваше од долниот, а дел од горниот дел на амфитеатарот.

Пред почетокот на концертот, во повеќе наврати преку разглас се известуваше дека е задолжително да се носи маска, па до публиката се апелираше да го почитува тоа, објави порталот СДК.

Вчера и министерот за здравство Венко Филипче преку “Фејсбук” побара надлежните инспекции да го казнат организаторот на концертот на хрватската ѕвезда на локалитетот Хераклеја во Битола. Филипче побара соодветни санкции за организаторот, бидејќи не го почитувал протоколот за одржување концерти, кој Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести го подготвиле заедно со организаторите на настани и манифестации.

The post Казни за организаторот на концертот на Петар Грашо, наместо 600 карти продале 2.000, Бебек пееше пред двојно помала публика appeared first on Слободен печат.


Казни за организаторот на концертот на Петар Грашо, наместо 600 карти продале 2.000, Бебек пееше пред двојно помала публика was first posted on август 23, 2020 at 8:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....