21.8 C
Скопје
19:06 - 17 мај, 2024

Кандидатските листи стокмени, се чека датумот за избори

Партиските лидери се уште не можат да се усогласат за датумот за избори, но затоа партиските активисти наголемо водат изборна кампања која еднаш ја стопираа поради коронавирусот. Освен јавноста, изборниот датум го чека и ДИК за да продолжи со активностите во врска со изборните дејства кои ги замрзна поради прогласената вонредна состојба. Во моментов, како што посочуваат во ДИК, очекуваат или лидерски договор за датумот за одржување на изборите или продолжување на веќе донесената уредба за да ги продолжат другите дејствија, меѓу кои и прочистување на избирачкиот список и увид во истиот.

Инаку, до прекинувањето на изборните активности Комисијта ги утврди кандидатските листи на партиите. Од ДИК велат дека ниту една партија нема побарано промена на веќе доставените избирачки листи и додаваат дела изборните правила дозволуваат промена само во случај на смрт. Во членот 65 став 5 од Изборниот законик стои дека при поднесување на кандидатските листи, секоја мора да содржи изјава за прифаќање на кандидатура. Само во случај на смрт, според член 67-в може партијата да направи смена на кандидатот за народен избраник, посочува портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

– Кандидатските листи кои се доставени до ДИК кои беа доставени тогаш кога беше крајниот рок за доставување на листи во себе ги има сите изјави за кои ќе нагласам се неотповикливи, вели Шабани.

Со јавна жрепка ДИК го утврди и редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.

Во изборната трка ќе учествуваат вкупно 14 политички субјекти, меѓу нив 4 коалиции и 10 партии.
Коалициите предводени од СДСМ и БЕСА, „Можеме“, од ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова за Македонија, коалицијата Алијанса и Алтернатива, партиите ДУИ, Левица, Интегра, Граѓанска демократска унија, Работничката партија, Глас на Македонија, партијата Демократи и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, ДПА, Социјалдемократската унија и Народната партија на Ромите.

Ова се редните броеви на политичките субјекти на гласачкото ливче

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА
2 – Политичка партија Демократи
3 – СДСМ и Коалицијата „Можеме“
4 – Левица
5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива
6 – Глас за Македонија
7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ
8 – Интегра
9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ
10 – Социјалдемократската унија – СДУ
11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија
12 – МОРО работничка партија
13 – Народна партија на Ромите
14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија

The post Кандидатските листи стокмени, се чека датумот за избори appeared first on Слободен печат.


Кандидатските листи стокмени, се чека датумот за избори was first posted on мај 28, 2020 at 2:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....