12.8 C
Скопје
01:27 - 7 мај, 2024

Бремените се ослободени од работа и затоа не им треба боледување

Бремените заедно со оние кои користат породилно боледување остануваат дома се додека траат времените мерки. Владата донесе ваква уредба, но сепак поголем број од жените немаат информација за тоа, а  официјално не се информирани ниту матичните лекари. Гинеколозите пак се поделени околу тоа дали оваа категорија на жени треба да оди на работа или не.

„За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки“, се вели во соопштението од Владата.

Од Здружението на матични гинеколози велат дека информација околу ова прашање добиле од медиумите, но очекуваат да бидат и формално и официјално известени од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, како што обично се прави за да може информацијата да биде споделена со сите членови на здружението.

– Трудниците иако нели не се болни, сепак кај нив постои можност да се искомплицира состојбата, доколку се инфицираат со вирусот ковид 19, па затоа најдобро е да останат дома. За тоа не им треба боледување, туку доволно е да се повикаат на уредбата на владата. Но сепак во пракса се соочуваме со случаи кога работодавците бараа бремената да приложи боледување. Со носење на боледување таа е всушност оштетена бидејќи така и се крати од платата – вели Душко Филиповски претседател на Здружението на матични гинеколози.

Кај нас од ковид-19 почина само една трудница на која здравствената состојба и се влоши по породувањето. Бебето во добра здравствена состојба беше пуштено дома.

Доц.д-р Ана Данева Павлова, која го води Комитетот за безбедно мајчинство вели дека трудници и не спаѓаат во ризичната група, па и затоа не мора да не одат на работа ако се чувствуваат добро.

– Може да кажеме дека трудниците кои имаа нормална бременост без компликации и кои имаат работни услови во кои се почитуваат мерките за заштита од вирусот може да одат на работа. Додека пак оние кои имаа бременост која повнимателно се следи или пак работат во околности каде не може да се почитуваат препораките за заштита, како безбедна дистанца, носење маска и слично, би советувале да не одат на работа – вели Павлова-Данева.

The post Бремените се ослободени од работа и затоа не им треба боледување appeared first on Слободен печат.


Бремените се ослободени од работа и затоа не им треба боледување was first posted on мај 28, 2020 at 3:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....