11.8 C
Скопје
12:53 - 16 мај, 2024

КАКО СЕ ОТКРИВА КОРОНАВИРУСОТ? Има ли поточни и помалку точни тестови?

Во однос на тоа кој се тестира дали е позитивен на корона остануваме во групата на земји кои се порестриктивни, бидејќи се тестираат само медицински лица кои биле во ризичен контакт, а другите, и да имаат заболен дома, не се тестираат додека не добијат симптоми, иако министерот за здравство Венко Филипче постојано повторува дека имаме доволен број на тестови и нема да биде проблем да се набават нови.

Тестовите кои се прават во Институтот за јавно здравје, односно во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика, се тестови кои ги препорачува СЗО, односно тоа се молекурани тестови со кои директно се открива присуство на вирусот. Другиот тип на тестови што се прават се т.н. серумски, односно со нив се открива присуство на антитела кои имунолошкиот систем на човековиот организам ги создава како реакција на присуство на вирусот. Но овие се сметаат за помалку веродостојни затоа што антителата може да се појават во организмот и поради некоја друга причина, не само заради инфекција со Ковид-19.

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје се прават молекуларни тестови.

„Тестовите со кои располага лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика се тестови кои ги препорачува СЗО. Скрининг тестот има осетливост од 5.2 копии на вирусната РНК (рубонуклеинска киселина) во реакција. Првиот тест за конфирмација (потврда) има осетливост од 3.8 копии на вирусната РНК во реакција, додека вториот тест за конфирмација е со осетливост од 8.3 копии на вирусната РНК во реакција. Ова укажува на високата осетливост на тестовите со кои располагаме“, објаснуваат надлежните.

Примерок за микробиолошка анализа се зема само од лице кое има развиено симптоми на инфекција кои се карактеристични за новиот коронавирус (висока температура, сува кашлица, тешко дишење) и кој пациент одговара на дефиницијата на случај на СЗО која е прифатена и во Македонија. Кај лицата кои одговараат на дефиницијата на случај се очекува дека во земениот примерок за анализа ќе се детектира присуството на вирусната нуклеинска киселина, а со тоа ќе се потврди и инфекцијата. За секој пациент се препорачуваат два примерока и тоа еден од горнореспираторен тракт ( назофарингеален брис) и еден од долнореспираторен тракт (на пример бронхоалвеоларна лаважа, или ендотрахеален аспират).

Во јавноста се појавија сомневања во веродостојноста на тестирањето откако имаше неколку случаи кај кои тестот прво бил негативен и тоа два пати, а потоа дал позитивен резултат.

„Како и при секој вид на лабораториско испитување (не само микробиолошко), така и при ова, постои можност да се добијат лажно негативни резултати. Причините за тоа се многу. Најчесто е несоодветно земен примерок за анализа, несоодветно чување на примерокот и транспортирање до лабораторијата, но постојат и други причини како што се присуство на суспстанции од самиот примерок кои вршат инхибиција на реакцијата, некомпетентност на персоналот, несоодветен протокол за работа, несоодветни реагенси, несоодветно чување на реагенсите, непочитување на мерките на безбедност при манупулација со примерокот, и секако виремијата т.е. количеството на вирусни честички во примерокот од пациентот, и стадиумот од болеста“, објаснуваат од ИЈЗ.

The post КАКО СЕ ОТКРИВА КОРОНАВИРУСОТ? Има ли поточни и помалку точни тестови? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....