10:02 - 17 ноември, 2026

(Фото) По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња — Маја Кикириткова им посвети емотивна порака на своите деца Лазар и Ева

По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња, кој од годинава се одбележува на 15 ноември, модната дизајнерка Маја Кикириткова сподели фотографии и посвета за своите деца, Лазар и Ева. И двајцата се родиле во 33. недела од бременоста, со тежина од неполни два килограми.

Денес Лазар има осум, а Ева шест години. Во објавата, Кикириткова се присети на нивниот почеток и напиша дека овој ден секогаш ѝ буди и тешки и радосни спомени.

„Мали борци од неполни 2кг, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани“, напиша таа.

Кикириткова им порача на Лазар и Ева дека е горда што е нивна мајка, а посветата ја заврши со зборовите „Ве сака мама бескрајно 🤍“.


Од 2026 година, Светската здравствена организација го одбележува овој ден на 15 ноември. Претходно, традиционалниот датум беше 17 ноември.

Слични објави

За утро што мириса на цимет — рецепт за меки ролнички со кремаст прелив

К.С.

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Лавови, вашата позитивна енергија ќе донесе мотивација во работното опкружување

Еспресо

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ објави емотивна порака за роденденот на Немања: „Бог знаеше дека заедно ќе ја доживееме најголемата љубов“

Еспресо

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо
Се вчитува....