Дваесет месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Ана Костадиновска сподели фотографии со Сара Пројковска и со своите колеги од ДНК.
Професорката по музика, која таа вечер настапуваше со групата како придружен вокал, ја одбележа загубата со неколку зборови на Инстаграм.
„20 месеци болка и недостиг“, напиша Костадиновска.
Објавата можете да ја видите ТУКА.
На дел од фотографиите е со Сара, со која со години пееше придружни вокали и која ја сметаше за сестра. Двете настапуваа со ДНК и вечерта кога избувна пожарот. Костадиновска беше извлечена од објектот, а Пројковска беше меѓу загинатите.
Во трагедијата животот го загубија и пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов. Владимир Блажев – Панчо почина седум месеци подоцна од последиците на повредите.
