18.8 C
Скопје
21:08 - 29 април, 2024

Јовановиќ: Фирмите кои добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени

Според направената анализа од УЈП утврдено е дека 120 даночни обврзници кои добиле финансиска поддршка не исплатиле плата за своите вработени и за месец април и за месец мај, а осум даночни обврзници исплатиле помалку плата за двата месеца и покрај милионската поддршка која ја искористиле од државата. Дури 700 фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, и од други населени места, направиле малверзации односно зеле финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците.

Во врска со овој скандал, поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, на Фејсбук објави дека овие фирми не само што треба да бидат казнети, туку и нивните имиња треба да бидат јавно објавени.

– Фирмите кои добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени. Ако ова не се направи, секоја фирма во иднина ќе знае дека може слободно да си ги крши законите на штета на работниците и да поминува неказнето. И во иднина, кога ќе се дизајнираат вакви мерки, парите директно да им се исплаќаат на работниците, а не преку фирмите, напиша Јовановиќ.

The post Јовановиќ: Фирмите кои добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени appeared first on Слободен печат.


Јовановиќ: Фирмите кои добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени was first posted on јули 28, 2020 at 7:26 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....