12.8 C
Скопје
22:00 - 16 мај, 2024

Главниот шведски епидемиолог: Бројот на новозаразени во Шведска рапидно опаѓа

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел на денешната прес-конференција откри дека бројот на новозаразени во Шведска рапидно опаѓа. Шведска е единствената земја во Европа која во март и април не воведе драстични мерки, поради што беше мета на бројни критики.

„Кривата се наведнува надоле. Генерално, ова е многу позитивна вест. Исто така се чини дека наскоро ќе можеме и понормално да патуваме“, рече Тегнел, додавајќи дека мерките за патување постепено ќе се релаксираат со тоа што прво ќе се овозможи да се патува во рамки на регионот, а потоа и во државите со ниски стапки на инфекција, помалку од 20 заразени на 100.000 население во период од две недели.

Тегнел го коментираше трендот на зголемување на бројот на нови случаи во Европа.

„За жал, го гледаме овој негативен тренд на зголемување на бројот на новозаразени низ цела Европа, лошо е што тоа се случува токму во овој момент, но во Шведска овој тренд не го гледаме“, заклучи тој.

Во вторникот во Шведска на интензивна нега или на респиратори имало само 46 пациенти со ковид-19, а вкупно во шведските болници од коронавирус се лекуваат 297 лица. На врвот на епидемијата кон крајот на април, на интензивна нега имало близу 600 лица, а вкупно во болниците околу 2.300, што претставува значителен пад.

The post Главниот шведски епидемиолог: Бројот на новозаразени во Шведска рапидно опаѓа appeared first on Слободен печат.


Главниот шведски епидемиолог: Бројот на новозаразени во Шведска рапидно опаѓа was first posted on јули 28, 2020 at 7:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....