24.8 C
Скопје
16:16 - 19 мај, 2024

Импланти во мозокот, чипови на черепот: Поврзувањето на луѓето и компјутерите започнува следната година?

Поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се одржи чекорот со развојот на вештачката интелигенција, тврди Илон Маск.

Илон Маск повторно проговори за иднината на вештачката интелигенција и за улогата која неговата компанија ја има во создавањето на услови за симбиоза меѓу луѓето и машините. Тој, меѓу останатото, откри и дека стартапот Неуралинк, во чие основање учествуваше, e близу до почетокот на тестирање врз луѓето.

Неуралинк уште во јули 2019 година потврди дека е креиран робот кој имплантите за интеракција со компјутерите може да ги интегрира длабоко во човековиот мозок. Резултатите се добиени врз основа на тестирањата врз лабараториски глувци во чии мозоци биле имплементирани 1.500 елктроди, за кои се уште не може со сигурност да се потврди дека би можеле да функционираат и во човековиот мозок.

Доколку се покаже како функционална, технологијата на прво место, како што тврдат експертите, треба да послужи за враќање на подвижноста, видот, способноста за говорот и слухот кај оние кои ги изгубиле. Маск, од друга страна, тврди дека поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се одржи чекор со развојот на вештачката интелигенција. Така технологијата која е замислена како лек би можела да послужи и како нешто далеку помоќно. Во тој контекст е најавено дека „тестирањето на човекови примери се очекува за помалку од една година“.

Имплантите кои ќе вградуваат се со големина од околу една четвртина од обемот на човековото влакно, па во мозочното ткиво ќе се интегрираат со помош на игли кои ќе помогнат да се избегне оштетувањето на крвните садови на површината на мозокот. Така вградените сензори би требало да фаќаат сигнали од мозокот, и да ги испраќаат до приемникот – чип кој ќе се вгради на горната површина од черепот, а оттаму информациите ќе се пренесат безжично до наменетиот уред.

Маск истакна дека на одредено ниво веќе сите сме киборзи, бидејќи зависиме од паметните телфони и другите уреди, и дека многумина кога ќе го загубат телефонот чувствуваат како да загубиле дел од телото.

The post Импланти во мозокот, чипови на черепот: Поврзувањето на луѓето и компјутерите започнува следната година? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....